Проширени вени

Проширени вени

Летото значи oтфрлање на слоевитата облека и прикажување на вашата бикини фигура. Но, за многумина, особено за жените, таа сезона може да донесе некои недостатоци. Проширените вени се појавуваат или се влошуваат во текот на летните месеци повеќе од кој било друг период од годината, па оние кои страдаат од проширени вени може да бидат акутно погодени во текот на летото, и физички и емоционално, поради влошените симптоми и зголемената самосвест.

Вените на нозете се крвни садови кои пренесуваат крв од нозете кон срцето, во правец спротивен на гравитацијата. Проширените вени се заболени крвни садови, најчесто на долните екстремитети. Тоа се вени со нефункционални венски залистоци. Со самото оштетување на залистокот се создава венски рефлукс. Тоа доведува до ширење на венските ѕидови и создавање на змиулести булбуси, односно проширени вени. Ваков крвен сад не е во можност да ја извршува својата вообичаена функција на пумпање крв во срцето. Доколку не се третираат, проширените вени може да предизвикаат компликации.

Околу 40% од жените и 25% од мажите имаат проширени вени.

Причини
Главна причина за настанување на проширените вени е исправената положба на човекот. Таа положба создава големо оптеретување на крвните садови во долните екстремитети што директно води кон создавање на проширени вени. Ослабените венски залистоци се, исто така, еден од клучните фактори. Проширените вени настануваат и како последица на генетска предиспозиција. Недоволната физичка активност, бременоста, гојазноста се исто така неколку фактори кои доведуваат до оваа состојба.

Проширените вени многу често ги погодуваат жените отколку мажите. Причината за тоа е секако бременоста.. Статистичките податоци покажуваат дека проширени вени добиваат дури 40% од трудниците.

Симтоми кои се манифестираат

Напнатост и тежина во нозете се првите симптоми кои се манифестираат при проширени вени. Покрај нив, кај најголем број случаи доаѓа до појава на грчеви и константни отоци во нозете, особено околу злобовите. Најпрво се прошируваат капиларите, а потоа и поткожните вени. Проширените вени може да имаат пречник и до еден сантиметар. Се јавува и дисколорација на кожата околу проширената вена и болка по подолго седење или стоење.

Превенција
Не постои начин целосно да се спречат проширените вени. Но, подобрувањето на циркулацијата и мускулниот тонус може да го намали ризикот од развој на проширени вени. Истите мерки што може да ги преземете за да ја третирате непријатноста од проширените вени дома, можат да помогнат во спречување на проширени вени, вклучувајќи:
– вежбањето, пешачењето или пливањето можат да го спречат создавањето на проширени вени.
– одржување на нормална тежина.
– исхрана богата со диететски влакна, а ниска содржина на сол.
– избегнувајте трансмасти (бидејќи ја влошуваат циркулацијата и имаат воспалително дејство), алкохол и кофеин (кои имаат дехидрирачко дејство).
– подобрете ја еластичноста на крвните садови со земање на витамините Б и Ц, а со земање на витаминот Е помага да го спречите згрутчувањето на крвта и да ја подобрите циркулацијата.
– избегнувајте носење на високи потпетици и тесни чорапи. Се препорачува носење на еластични чорапи или завои.
– туширање со млака или студена вода.
– избегнувајте да седите подолго време со вкрстени нозе. Кога седите најдобро е, ако е возможно, да ги држите нозете благо поткренати.
– ако треба да стоите подолго време, виткајте ги стапалата горе-долу, и ротирајти ги во правец на стрелките на часовникот за да ги придвижите мускулите и зглобовите.

Методи на лекување
На почетокот, проширените вени може да се третираат со неоперативни методи. Конзервативната терапија и употребата на лекови може да ги ублажат проблемите на проширените вени. Ако проширените вени веќе влегле во втората фаза на болеста и стануваат нефункционални, тие мора да се отстранат. Проширените вени се отстрануваат со класична хирургија, со ласерска или радиотерапија или со операција со водена пареа.

Домашен третман на проширени вени

Вежби и масажа
Редовната вежба поттикнува подобра циркулација на крвта во нозете. Вежбањето, исто така, помага да се намали крвниот притисок, што е уште еден фактор кој придонесува за проширени вени. Такви вежби се: пливање,пешачење, велосипедизам, јога.
Нежно масирање на погодените области може да помогне за подобра циркулација, Избегнувајте директен притисок врз вените!

Држете ги нозете благо подигнати 
Држењето на нозете благо подигнати во иста висина со срцето или над него ќе помогне да се подобри циркулацијата. Со тоа се намалува притисокот во вените на нозете и гравитацијата ќе ѝпомогне на крвта да тече непречено назад кон срцето.

Компресивни чорапи
Компресивните чорапи се достапни во повеќето аптеки и можат да помогнат при создавање на притисок во нозете. Ова им помага на мускулите и вените да ја движат крвта кон срцето.
Есенцијални масла
Маслото од костен (Aesculus hippocastanum L.) и маслото од бор (Pinus maritima) можат да помогнат да се намали болката во нозете, тежината и чешањето кај луѓе со хронична венска инсуфициенција, што е главна причина за проширени вени, како и за намалување на отокот на нозете.

Промени во исхраната
Храната богата со калиум може да претставува еден од домашните третмани за проширени вени. Калиумовата храна (бадеми и ф’стаци, леќа и бел грав, компири, лиснат зеленчук, лосос и туна) може да им помогне на проширените вени преку намалено задржувањето на вода во телото.
Солта или храната богата со натриум може да предизвика задржување на вода во телото, па затоа и треба да се избегнува.
Луѓето кои се со прекумерна тежина имаат поголема веројатност за проширени вени, па затоа намалувањето на вишокот килограми може да го намали притисокот врз вените и да го олесни отокот и непријатноста.

Јадете повеќе флавоноиди. Флавоноидите ја подобруваат циркулацијата на крвта. 
Храна која содржи флавоноиди: зеленчук, вклучувајќи кромид, пиперки, спанаќ и брокула;агруми и грозје, цреши, јаболка, боровинки, какао, лук.