РЕЦЕПТИ 5

РЕЦЕПТИ 5

Шарена чорба од зеленчук

300 г зеленчук исечкан на коцкички(морков, брокола, грашок, компир),
1 кромид,
40 г масло (путер),
40 г брашно,
малку сечкан магдонос и малку ароматични зачини по желба.

На масло или путер се пропржува малку сечканиот кромид. Потоа се додава зеленчукот. Се посипува со брашното и се налева со вода или бујон.
Се вари околу 20-30 минути.Се посипува сечканиот магдонос.
На ова,во секоја чинија може да се додадат „пржени коцкички леб“.

Зелена проја со сирење

3 јајца,
1 чаша бело брашно,
2 чаши пченкарно брашно,
1 чаша јогурт,
1 чаша кисела вода,
1/2 чаша масло,
300 г сирење (рендано или иситнето),
200 г спанаќ (или друг зеленолисен зеленчук како блитва или коприва),
1 прашок за печиво,
малку сол по желба.

Јајцата добро се матат со миксер, се додава јогуртот, потоа киселата вода и маслото. Се додава брашното во кое е измешан прашокот за печиво. На таа смеса се додава исечканиот спанаќ. На крајот се додава сирењето и добро се промешува.
Смесата се истура во подмачкана тава за печење. Тестото треба да е житко. Рерната се загрева на 200(220) ºС. Во така загреана рерна се пече 20-25 минути.

Запечена (потпечена) боранија

600 г боранија, измиена и исечкана,
2 главици кромид,
2 чешниња лук,
2 моркова, изрендани,
2-3 јајца,
магдонос,
200 г млеко или павлака,
1 лажиче црвен пипер,
малку масло,
сол, зачин, бибер, по желба.

Ситно сечкан кромидот се пропржува на масло, потоа се додава боранијата, морковот, лукчето и се динстува за да омекне. Се додава по малку водичка. Кога боранијата е наполу динстана(зготвена), без течноста се претураво огноотпорен сад. Јајцата се матат со млекото и се прелеваат преку боранијата. Се печево рерна, која е претходно загреана на 200ºС.

Палачинки

2 јајца,
250 г бело брашно,
250 г млеко,
250 г кисела вода,
малку сол (прстофат)

Јајцата се матат пенесто со миксер и се додава млекото. Се меша и се додава брашното, па киселата вода.Сè се промешува добро и се остава да отстои околу 1 час.
Во тавата во која ќе се пржат палачинките, пред пржење за секоја палачинка се става едно лажиче масло. Палачинките се пржат во загреана тава.
Потоа, испржените палачинки, по желба,може да се филуваат со солен или со сладок фил.
За солен фил– иситнето сирење измешано со 1 лажица павлака.
За сладок фил–може да се употреби мед, џем или друго по желба.

Шарена салата

5-6 листа зелена салата (марула, ајсберг или друга)
2 морковчиња,
1 мала китка карфиол (колку во една рака да собере),
1 рака зрна варена пченка,
1-2 лажици сок од лимон,
маслиново масло,
малку сол по желба.
Во подлабок сад се меша зелената салата исечкана на лентички, ренданиот морков и исечканата китка карфиол (се сечка на ситно). Се додава варената пченка и се зачинува со сол, лимонов сок и маслиново масло.
Состојките се промешуваат и може да се послужи.

Куглоф

180-200 г путер,
200 г шеќер,
4 јајца,
250 г брашно,
100 г сечкани ореви,
20 сечкани суви сливи или суво грозје,
2 ванилин прашок,
рендана кора од 1 лимон.

Сите состојки се мешаат, во хомогена смеса.
Тавчето за куглоф се премачкува со путер и се посипува со малку брашно. Се пече смесата 20 минутиво загреана рерна на 220 ºС, потоа се покрива со фолија и се намалува температурата на 150 ºС, се пече уште 20 минути.

Прелив за салата

Овој прелив за салата го зајакнува имунитетот и го подобрува метаболизмот. Може да се прелие преку зелена салата, риба, варен зеленчук или варено месо.

1 зрело авокадо (излупено и без семка),
2 чешниња лук,
малку магдонос, босилок, рузмарин, ситно сечкани,
малку сол, маслиново масло и лимонов сок по вкус. Сето ова се миксира или се гмечи со виљушка, додека да стане густо како прелив за салата.