СЕРОТОНИН – Хормон на среќата

СЕРОТОНИН – Хормон на среќата
Среќата и радоста се природно право и чувство кои го поседува секој човек. Среќата може да биде различна и различно да се доживува кај секој од нас. Многу често, изворот на среќата и чувството на радост се поврзуваат со надворешни стимулации кои во организмот предизвикуваат низа реакции, кои, на крајот, ги доживуваме како позитивни или негативни.

Главните виновници

Главните виновници кои се поврзани со дефинирање на чувствата на среќа се хормоните (невротрансмитери) од нашето тело, серотонин и допамин. Постојат два вида среќа, и тоа: спокојна и светла која ни дава континуирано и избалансирано чувство на среќа и радост,и бурна која се манифестира со неизмерни задоволства и еуфорија. За првата е задолжен серотонинот, додека за другата допаминот.

Што е серотонин и каде се наоѓа?

Серотонинот е нервотрансмитер, елемент во мозокот кој помага да се пренесуваат сигнали меѓу разни делови од мозокот. Просечен возрасен човек има помеѓу 5 и 10 милиграми серотонин во телото. Во хормон се претвора тогаш кога ќе навлезе во крвта.
Иако се произведува во мозокот, на кого и се однесуваат неговите примарни функции, околу 90% од залихите на серотонин се во дигестивниот тракт и во крвните плочки.
Со оглед на тоа што е невротрансмитер, серотонинот помага да се пренесуваат информации меѓу деловите на мозокот. Се смета дека влијае на многу психолошки и на други телесни функции. Влијанието врз мозочните ќелии е поврзано со расположението, со сексуалната желба, сo апетитот, со соништата, со меморијата, со способноста за учење и со некои видови социјално однесување.
Кога станува збор за нашите телесни функции, серотонинот влијае на функционирањето на срцето, на мускулите и на разни елементи од ендокриниот систем. Научниците откриле дека серотонинот има улога и во производството на  млеко од дојките.

Недостаток од серотонин

Доколкуво мозокот недостига серотонин,симптомите на тоа се: лошо расположение, зголемена анксиозност, умор, депресија,вклучувајќи и најтешки видови.
Останати смптоми на недостаток на серотонин се:

  • лутина
  • необично чувство на болка
  • глад за јаглехидрати и опсесивно прејадување
  • запек
  • дигестивни нарушувања
  • чувство на преоптовареност
  • несоница
  • ниско самопочитување
  • мигрена
  • намалени когнитивни функции
  • зуење во ушите

Дали може да влијаеме на нашата среќа?

Менувањето на животните навики, вклучително и навиките за храна, можат значително да влијаат во регулирањето и во зголемувањето на концентрациите на „хормоните на среќата“.
Наједноставен и најдостапен начин е да поминуваме што повеќе време изложени на светлина, под сјајни зраци на сонце,или препорака е да се направи подобро осветлување во домот.
Втор начин е да се внимава на положбата на телото. Подвитканиотгрб и неправилнотодржење на телото предизвикуваатнамалено ниво на серотонин,а со тоа и појава на чувство на срам,а кај некои лица дури и чувство на вина. Правилното држење на телото го зголемува нивото на серотонин, гизголемува самодовербата и расположението.


Среќата е и во храната

Уште еден од начинитеда се зголеми нивото на серотонин е во исхраната да се вметнат оние производи кои влијаат на зголемување на серотонинот. Важно е да се нагласи дека серотонинот како таков не постои во производите. Производите содржат аминокиселина триптофан од која подоцна организмот произведува серотонин. Рекордер по содржина на триптофан е тврдото сирење. Нешто помало количествона триптофан содржат крем сирењата. Следуваат посните меса, јајцата, леќата, ананасот, тофу сирењето, лососот (и останатите риби), бадемите, лешниците, оревите, морските плодови, грашокот итн. Исто така,големо клоличество триптофан се наоѓа и во печурките, гравот, сирењето, просото и во елдата. Нискотониво на серотонин во организмот може да се надополни и со дополнување на исхраната со витамини од групата на Б комплекс. Тие се наоѓаат во црниот дроб, елдата, овесот, гравот и во зелената салата. И производите кои содржат магнезиум,како што се ориз, суви сливи, суви кајсии, овесни трицииалгисе добри за доброто расположение.
За да се подигне нивото на серотонин,јадете и банани, дињи, смокви, тиквиипортокали.

Покрај правилната исхрана,постојат и други извори на серотонин.

За зголемување на серотонинот, помага и физичката активност. Одвојте барем 20 минути дневно за да се занимавате со кој било спорт (трчање, пливање, танц итн) и наскоро ќе почувствувате подигнување на расположението и ќе се чувствувате многу подобро. Доколку не можете да се занимавате со спорт, тогаш пешачете. Физичката активност се надополнуива со добриот сон. За производство на серотонин,неопходен е добар сон. Свежиот воздух (и уште еднаш сонцето),исто така помага да се зголеми нивото на серотонин. Повеќе комуницирајте со пријателите и со луѓето кои се пријатни за вас, занимавајте се со работата која ја сакате или со хоби, слушајте ја вашата омилена музика, овозможете си себеси повеќе пријатни моменти и тоа сигурно ќе вроди со резултат.