Што да јадете после одмор?

Што да јадете после одмор?

За полесно да се вратите во колосек

Летниот одмор помина, но вие воопшт не се чувствувате одморено? Напротив, наутро се борите да станете од кревет, напладне ви се слошува и ви паѓа шеќерот, а кога ќе земете да јадете ве мачи стомакот? Не сте единствени. Промената на клима, вода, храна, исцрпното патување и фактот дека треба да и се вратите на работата одново, лесно може да ве фрли во блага постодморна депресија. Во тој случај прв страда стомакот, а вие останувате без волја и енергија.

Но, со оваа храна ќе успеете да го вратите моралот и вистински ќе ги почувствувате бенефитите од одморот што помина. Ова еднодневно мени е дело на Медлин Шо, позната нутриционистка и авторка на велнес бестселерот „Get The Glow“. Менито има за цел да го прочисти телото од насобраните токсини, да го смири стомакот и да ви донесе енергија. Добро е да го практикувате барем еднаш месечно.

Солена вода пред легнување

Додајте мало количество морска сол (онолку колку што можете да задржите меѓу прстите) во чаша вода и полека испијте ја. Солена напивка пред легнување сигурно не звучи примамливо, но со сигурност функционира. Морската сол содржи околу 90 есенцијални минерали со кои ќе ги вратите нарушениот баланс во организмот и хидратацијата.

Комплетен појадок

Јајцата го детоксицираат црниот дроб и плус го снабдуваат организмот со протеини, аминокиселини и здрави масти за да имате енергија да го поднесете ритамот на денот. Каснете и парче леб што содржи квасец за да немате потешкотии со варењето на храната, особено ако и стомакот ви е чувствителен. Бананата и кокосовата вода се одлични извори на калум – електролит што лесно се надоместува.

Масен ручек

Почестете се со пржени компири, но подготвени дома, бидејќи во рестораните (особено во оние за брза храна) најчесто се користат смрзнати компири од кеса во кои речиси и да нема никакви хранливи материи. Уште подобар избор се слатките компири бидејќи не мора да ги пржите, едноставно исечкајте ги на коцки, пропрскајте ги со кокосово масло и морска сол и печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Компирот слободно можете да го комбинирате со парче чисто месо за комплетно да го задоволите грелинот – хормон на гладот, што обично се лачи во големи дози при фази на исцрпеност.

Цреши за ужина

Ако цел ден се излежувате со цел да акумулирате што повеќе енергија и да си дојдете на себе, голема е веројатноста ноќта да се соочите со бран енергија. Од една страна тоа е добро, особено ако ги прескокнавте домашните обврски, но од друга страна е ризично за вашиот сон. Или ќе имате проблем да заспиете или ќе спиете со прекини. Затоа, каснете една рака цреши (во овој период може и замрзнати) или напијте се сок од цреши, бидејќи токму ова овошје ја поттикнува продукцијата на мелатонинот, хормон што ќе ви помогне де заспиете.

Специјална салата за вечера

Горчливиот зеленчуккако рукола, анасон, поточарка, се одлични за дигестивниот систем и плус ќе му помогнат на организмот да се ослободи од заостанатите токсини. Додајте и малку цвекло, свежо или од тегла, за комплетно да го дочистите црниот дроб. Следниот ден ќе бидете како нови, ќе се чувствувате свежо и енергично.

Најновиот фит пијалак

Ја гаси жедта во секое годишно доба! – Транспарентниот пијалак што освежува само додека го гледате, ќе ви стане нова опсесија. Станува збор за традиционален рецепт што го консумирале фармерите во време на жетва со цел да ја одржат хидратацијата. несекојдневен микс од ѓумбир, јаболков оцет, лимонов сок и јаворов сируп, спакуван со низа хранливи материи и природни електролити за комплетно закрепнување на исцрпениот и дехидриран организам.

Бенефити од пијалокот

Лимонов сок

И сами знаете дека лимоновиот сок изобилува со витамин Ц кој најверојатно го пиете само по потреба, кога сте болни. Колку за потсетување, 2 лажици лимонов сок содржат 14% од дневната препорачана доза витамин Ц. Витаминот Ц не само што ја подобрува кондицијата за спортување, туку истовремено е и одличен заштитник на кожата од сите надворешни фактори како УВ-зраци и загадувачи. Студиите покажуваат дека исхраната богата со витамин Ц неизбежно резултира со силен имунитет, но и затегната кожа без брчки.

Јаворов сируп

Спакуван со дузина компоненти кои го подобруваат здравјето, плус последните истражувања покажуваат дека сирупот може да ве заштити од Алцхајмерова болест. Но, нутриционистите предупредуваат во однос на следниот факт: 60 проценти од составот на јаворовиот сируп отпаѓа на шеќери, тоа значи дека само со еден грам сте внеле три калории. За максимум беенефити, водете се според бојата – потемниот јаворов сируп обично е побогат со хранливи материи и антиоксиданти.

Рендан корен од ѓумбир

Ѓумбирот е чудотворен зачин! Студиите го посочуваат како моќно превентивно оружје против канцер. Доколку одлучите да му се вратите на вежбањето, сега или зимоска, консумирајте го редовно за да ги ублажите болките во мускулите. Токму поради ѓумбирот, овој рецепт важи за одличен спортски пијалак. Содржи доволна количина натриум и калиум за да ја задоволи загубата на електролити што се случува при процесот на потење.

Јаболков оцет

Ќе издвојувате победа над мастите само ако почнете да внесувате помалку калории и ако успеете да го контролирате ефектот на јаглехидрати врз нивото на шеќер во крвта. За таа цел, добро е да го обновите пријателството со овој потценет производ. Новите студии покажуваат дека јаболковиот оцет ја подобрува инсулинската реакција, а на долг рок го намалува ризикот од дијабетес тип 2.

Рецептот

Исечкајте 250 грама ѓумбир, ставете го во 500 милилитри вода и варете го околу 2 минути, па оставете го 20 минути да стои настрана. Во бокал, сипете 3/4 шолја јаворов сируп (маџун или 1 лажица мед), 1/2 шолја јаболков оцет, 2/3 шолја лимонов сок. Во бокалот сипете ја и водата каде што се вареше ѓумбирот.

Послужете го пијалакот во тегла со коцки лед и декорирајте со свеж рендан ѓумбир, лимон и нане. Во зима, служете го топол