МОЕМВРИ | МАШКО ЗДРАВЈЕ

МОЕМВРИ | МАШКО ЗДРАВЈЕ

Кога станува збор за машкото здравје, премногу мажи не зборуваат, не преземаат акција и умираат премлади. Подржете го движењето Movember и помогнете им на мажите да живеат посреќен, поздрав и подолг живот.

Што можете да направите за машкото здравје?

Запознавањето со причините за здравствените проблеми е првиот чекор во изнаоѓање начин да им се помогне на мажите да живеат подолго. Задолжително искористете го Моември како потсетник да ги охрабрите мажите во вашиот живот и заедницата да направат медицински преглед, како и да живеат здраво со правилен начин на исхрана и редовно вежбање.

На глобално ниво, мажите умираат во просек 5 години порано од жените. Причини кои во голема мера може да се спречат, на повеќе од 14 милиони мажи годишно им се дијагностицира рак на простата.

Простатата е жлезда со внатрешно лачење, карактеристична само за машката популација. Сместена е веднаш под мочниот меур и е со големина на костен. Простатата е од суштинско значење за плодноста на посилниот пол и придонесува за целосно психичко и физичко здравје кај мажите.

Здрави навики за здрава простата

Здравата простата бара движење. Забележано е дека проблемите со простатата се појавуваат кај мажите кои повеќе седат и слабо се движат, што е спротивно од начелата за совршена функционалност на организмот кој бара постојани форми на движење.

Кога малку се движиме, а многу седиме, крвотокот и циркулацијата се забавени, со што се зголемува концентрацијата на токсините и отпадните материи во секретот на простатата. Бидејќи простатата сама по себе е мускулен орган, треба да се вежба и да се зајакнува исто како што во теретана ги вежбаме нашите бицепси и трицепси. Со вежбање на тие мускули, се подобруваат крвотокот и исхраната на самата простата, а се спречува таложењето на токсините и се подобрува и фунционалноста на простатата.

Покрај физичката активност, мажите особено треба да водат сметка за начинот на исхрана. Задолжително е внесување доволни количини од витамини и минерали кои се од есенцијална важност за здрава простата.

Цинк – ги спречува промените на простатата. Најмногу цинк содржат морската риба и морските плодови, оревите, печурките, пивскиот квасец, семките од тиква, интегралните житарки и сл.

Бета каротен – моќен антиоксиданс кој ја штити простатата од дегенеративни процеси. Го има во овошјата и зеленчукот со портокалова боја.

Селен – уште еден значаен и моќен антиоксиданс неопходен за целосна функционалност на простатата. Делува противвоспалително и антиканцерогено. Како богат извор на селен се пивскиот квасец, жолчката од јајце, морските плодови, лукот, овесните никулци и семките од сончоглед.

Витамин Ц – делува на продукција и подвижност на сперматозоидите, а, секако, значајна улога има и во одржување на здрав и силен имунолошки систем.

Витамин Е – важен за севкупното репродуктивно здравје, вклучувајќи ја и простатата. Го има во ладно цедените растителни масла, јајцата, интегралните житарки, гравот, оревите, бадемите, семките и сл.

Затоа, мажи, искористете го месец ноември како време за да бидете проактивни за вашето здравје и да ги поттикнете другите да го сторат истото. И дами, не заборавајте да го поддржите вашиот маж, охрабрувајќи го да ги следи и неговите здравствени прегледи.