Што во слободно време? – ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТВ-СЕРИЈАТА „The Queen’s Gambit“

Што во слободно време? – ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТВ-СЕРИЈАТА „The Queen’s Gambit“

Серијата ја чинат 7 возбудливи епизоди кои ќе ги изгледате во еден здив.Драмата се одвива во САД во 60-тите и го следи животот на Бет Хармон– на 9 години таа станува сираче и во сиропиталиштето наоѓа утеха во играњето шах. За кусо време станува зависна од играта, станува посветен играч со цел да стане најдобра во светот. Но, во таа намера ја сопнуваат нејзините емоционални проблеми и низа други зависности како дрога и алкохол. Дали интровертната и помалку чудна хероина ќе успее да се победи себеси и да го победи својот ривал?