Што во слободно време? – ВРЕМЕ ЗА НАЈМАЛИТЕ

Што во слободно време? – ВРЕМЕ ЗА НАЈМАЛИТЕ

Внесете позитивна атмосфера во домот преку активности во кои ќе ги вклучите децата.

  1. На YouTube, побарајте некое од видеата на #thedadlab – интересни се и поучни, особено експериментите со вода. Вклучете го детето во процесот на изработка.
  2. Додека сте на прошетка со децата или внуците, дајте им задача да собираат суви листови. Погрижете се тие да бидат од некоја чиста лединка или едноставно измијте ги дома. Искористете ги листовите за да изработите различни животинки.
  3. Научете ги најмалите дека рачните изработки имаат непроценлива вредност, особено кога се изработени со природни материјали. Шишарките се одличен мотив за да изработите новогодишни украси, зарем не?