Спортски повреди на стапало

Спортски повреди на стапало

Обрнете внимание на 5-те најстрашни предизвикувачи на болка поттикнати од интензивно вежбање. 77% од луѓето се жалат на болки во стапалата, а кога стапалата болат, се не боли. Затоа – седнете собуете ги обувките, кренете ги нозете и за првпат обрнете им внимание на стапалата.

Стапалата се темел на секое движење и токму затоа најчесто не болат и најсилно не болат. Занемарувањето на болката во стапалата, нешто што сите го имаме направено, може да покрене сериозни последици врз севкупниот скелетен систем.

Ахилова тендинопатија

Еве за што станува збор: Воспалението на Ахиловата тетива (се протега од мускулот на ногата под коленото на задната страна до петицата) предизвикува остра болка и во случај да не се третира може да доведе до истегнување или кинење на тетивата.

Се појавува: Како последица на одново и одново истегнување од интензивни вежби или недоволно загревање пред интензивен тренинг.

Како да си помогнете: Вежбајте од 30 до 60 минути со послаб интензитет. Ставајте мраз на местото околу 15 минути 4 до 6 пати во текот на денот. зајакнувајќи ги мускулите на листовите, ќе го ослободите притисокот од тетивата и таа побрзо ќе заздрави. Ако забележите дека се движите невообичаено, или уште пострашно ако почнете да куцате, појдете на лекар!

Истегнат глужд

Еве за што станува збор: Истегнат глужд е општ термин за истегнување (благо) делумно скинати (средно) и комплетно скинати (сериозно) лигаменти на која било страна на глуждовите. Овие лигаменти ја одржуваат стабилноста на глуждовите.

Се појавува: Голема е веројатноста да сте го свиткале стапалото при згазнување на нерамна површина.

Како да си помогнете: Можете да одите без да се виткате? Ако можете, тогаш само напијте се аналгетик за да ја смирите болката, а од аптека побарајте нешто против воспаленија. Ставете мраз на повреденото место околу 15 минути за да се повлече отокот. Болката би требало постепено да исчезне во рок од една недела. Забележувате одново отекување? Појдете на лекар – можеби ви е потребна лонгета.

Стрес фрактура

Еве за што станува збор: Мала пукнатина на коската на стапалото која се развива со текот на времето и создава сериозна болка која се зголемува ако ја игнорирате.

Се појавува: Како последица на преголема активност, долго време, многу често.

Како да си помогнете: Колку порано ја дијагностицирате оваа состојба, толку подобро! Стрес фрактурата може да ви го забави животното темпо и до 10 месеци ако не реагирате навреме. Трчањето и спортовите со скокање се забранети барем еден месец. Разговарајте со вашиот лекар за тоа што смеете да тренирате во иднина и поработете на подобрување на густината на коските (зголемте го внесот на витамин Д и калциум во исхраната).

Плантарна фасција

Еве за што станува збор: Тапа, а потоа остра болка на бодење во средината на долниот дел од петата која се влошува во утринските часови.

Се појавува: При физички активности во коио притисокот најмногу паѓа на петиците, на пример долго трчање, пешачење или балет. Оваа состојба може да предизвика воспалување на Ахиловата тетива.

Како да си помогнете: За да ја опуштите фасцијата (мекото сврзно ткиво кое ги поврзува коските, мускулите, нервите итн.) поставете тениско топче под стапалата и движете го неколку минути во денот. Ако симптомите не се подобрат по две недели, појдете на лекар, можеби ви е потребен имобилизатор за ноќните часови. Во екстремни случаи, кога болката никако не се намалува, се препорачува кортикостеродина инјекција.

Оштетена кожа

За што станува збор: Плускавците и сличните појави ја штитат кожата од триење и воспалување.

Се појавува: Поради носење тесни и неудобни патики за трчање, кои предизвикуваат триење и голем притисок врз одредено место на кожата.

Како да си помогнете: Оставете ги плускавците да поминат сами од себе. Ако ги чепкате или се обидувате да ги откорнете, не само што ќе почувствувате болка, туку ќе ја изложите кожата на инфекции. Реагирајте единствено кога плускавецот ви го оневозможува движењето и мрдањето на прстите на нозете. Во тој случај, лекарот може да го острани плускавецот со стерилизирана игла и да го покрие местото со антибиотик и завој.

Терапија / рефлексологија

Ќе згрешите ако ја нарекувате масажа на стапалата. Ја намалува напнатоста и ја подобрува циркулацијата низ целото тело. Со помош на палците, цврсто притиснете ги овие делови од стапалото за да почувствувате олеснување.

terapija

За стрес и болки во грбот: По должина на лакот на стапалото.
Надуеност: Средишниот долен дел од задната на стапалото.
Главоболка: Меѓу секој прст на ногата, поединечно.
Притисок во синусите: Меките делови на прстите.