Подготовка:
3 шолји вода
2 авокада
1 домат
1 мала краставица
1/2 сечкана тиквица
малку босилек
малку копар
Подготовка:
Во блендер, ставeте ја водата, едно авокадо, доматот, краставицата, босилекот и копарот. Добро иситнете ги состојките и сипете ги во чинија. Потоа додадете го другото авокадо исечкано на коцки и тиквиците исечкани на коцки кои претходно сосем малку ќе ги пропржите со една капка маслиново масло. Супата може да се јаде и ладна, но слободно стоплете ја ако ви е повкусна така.