Суплемент на среќа

Суплемент на среќа

L-триптофанот е есенцијална аминокиселина и е дел од процесот на созадавање серотонин (хормонот на среќата) Овој невротрансмитер не е одговорен само за чувството на среќа, туку и за регулација на апетитот и сонот. Ниски нивоа на серотонин водат до депресија несоница и анксиозност.

Оваа аминокиселина е уникатна поради фактот дека може да ја помине крвно-мозочната бариера и во мозокот да биде претворена во серотонин. Сумиран извештај од 17 студии објавени во американското списание за клиничка нутриција, пријавува значително подобрување на симптомите на депресија и анксиозност кај пациенти кои се соочувале со овие нарушувања. Исто така, студија објавена во медицинското списание за афективни нарушувања, бележи подобрен квалитет на сон и намалени симптоми на депресија кај пациенти со инсомнија, откако била започната суплементација со L-триптофан. Исот ова е малку позанто, L- триптофанот не е само прекурсор на серотонин, туку и на мелатонин и ниацин (витамин Б3)

На овој начин му помага на организмот преку:
  • антиоксидантска поддршка
  • регулација на сон и циркадијален ритам
  • во борба против воспаленијата
  • целосна регенерација и детокс
Некои од можните симптоми на недостаток на СЕРОТОНИН
  • проблеми со помнењето
  • дигестивни проблеми
  • нервоза, страв, хиперактивност
  • нарушен циркадијален ритам и проблеми со сонот
  • намалено либидо

А како би изгледало доколку нивоата на серотонин се во нормала?

  • добра меморија
  • одлично варење (значителен дел од серотонинот се синтетизира и во цревата)
  • ниско ниво на стрес, задоволство
  • желба за социјализација и соработка
  • регуларен циркадијален ритам и сон

Што знаеме за L-Триптофанот? – Одговорни за чувство на среќа и добро расположение

А за што всушност дополнително помагаат?

  • за регулација сон
  • за регулација на температура
  • ја контролираат дигестијата (значителен процент од серотонинот се создава во цревата)
  • ја подобрува меморијата
  • го регулираат чувството на глад
  • намалуваат нагони на агресија и ја подобрува социјалната соработка
Како да го подобрите нивото на серотонин?

Еден од најчестите совети кои ќе ги слушнете е да внесувате храна богата со триптофан. А тоа подразбира:

  • банани
  • јајца
  • риба (туна)
  • сирење
  • семки (сончоглед, тиква)
  • овес
  • киви
  • мисиркино месо
  • бадеми

Но, не е доволно да се придржувате само на овој режим. Покрај квалитетните нутритивни извори вклучете и:

  • вежбање
  • изложеност на сонце
  • оптимален сон
  • позитивна визуелизација
  • суплементи како што се: омега масни киселини, Магнезиум, Цинк, Витамин Д и Витамин Б6
  • суплементи кои содржат Tryptophan, особено ако е во комбинација со горенаведените суплементи.

Интересен факт: Претворањето на триптофанот до серотонин е посредувано од присуството на витамин Б6 и Б3. Комбинациите на L-Триптофан со овие витамини и Магнезиум дополнително го зајакнуваат ефектот.

Екстра совет: Земете го вашиот суплемент кој содржи L-Триптофан на два часа растојание од оброк богат со протеини. На овој начин оваа аминокиселина ќе се искористи подобро, во спротивно ќе си пречи со другите аминокиселини од внесените протеини.

Предлог: Направете го вашиот тренинг, подгответе си високопротеински оброк и по истиот почекајте 2 часа за да го земете вашиот суплемент.