Глаукомот е болест на очите, што засега милиони пациенти ширум светот. Како хронична болест која го загрозува видот, третманот на глауком значи доживотно лекување и строго придржување кон упатствата. Хроничната употреба на локални лекови за глауком може негативно да влијае на очната површина, симптомите и видот на пациентот.
Болеста на очната површина поврзана со глауком е значајна, но често недоволно дијагностицирана, очна состојба, која ги засега 40% до 59% од пациентите со глауком ширум светот.
Иако употребата на локални лекови за глауком во вид на капки претставува докажана стратегија за контрола на несаканите ефекти од високиот интраокуларен притисок, овој третман може длабоко да ја наруши хомеостазата на солзниот филм. Кумулативниот ефект на лековите, конзервансите и ексципиенсите ги менува основните клеточни структури, што резултира со абнормалности на солзниот филм и нестабилност на очната површина.
Понатаму, овие хронични воспалителни промени влијаат на ефикасноста на третманот на глауком, придржувањето на пациентот кон терапијата и целокупниот квалитет на живот.
Најчестите симптоми на суво око, како што ги опишуваат луѓето што живеат со оваа болест, се:
- Очите се чувствуваат тешки и уморни
- Потешкотии при читање или работа на компјутер
- Видот е понекогаш заматен
- Очите произведуваат многу солзи, особено во ветровита, прашлива или зачадена атмосфера
- Се чувствува пецкање или гребење во очите
- Може да има чувство на страно тело во окото („песок или камче“),
- Очите може да изгледаат црвени и/или да болат.
- Носењето на контактни леќи станува непријатно.
Постојат два главни типа на суво око:
1. Недостаток на водени солзи
2. Брзо испарување на солзите поради недостаток на масни солзи
Првиот чекор е офталмологот да види кој тип на суво око е присутен. И двата типа можат да бидат присутни истовремено.
Вториот чекор е да се идентификуваат и третираат или отстранат сите основни причини. Можеби ќе биде потребно да се прекинат одредени лекови, да се користат различен тип капки за глауком, или пак да се воведат во терапијата капки од групата на вештачки солзи, кои го стабилизираат солзниот филм и ги ублажуваат симптомите.
Патогенезата на суво око може да се карактеризира како маѓепсан круг на воспалителни цитокини и протеини: откако ќе се иницираат, се активираат бројни воспалителни механизми, кои имаат тенденција да се самоодржуваат. Нестабилноста на солзниот филм е поврзана со верижна реакција што доведува до ослободување на воспалителни елементи кои последователно предизвикуваат промена на квалитетот на солзите. Намаленото рефлексно солзење кај синдромот на суво око резултира со повисоки концентрации на лековите на површината на окото. како последица на намалениот капацитет за разредување.
Механизмите на суво око кај пациенти со глауком веројатно се комбинација од абнормалности на солзниот филм и нестабилност поради намалено производство на солзи од хронично воспаление и зголемено испарување на солзите од дисфункцијата на Меибомовите жлезди, дополнително влошени од локалните лекови против глауком. Затоа, од клучно значење е препознавањето на факторите на ризик за болеста на суво око воопшто и разбирањето на дополнителните фактори на ризик присутни кај пациентите со глауком кои можат да ја влошат состојбата.
Спроведените студии откриле дека најчесто среќаваните симптоми на суво око пријавени од пациенти со глауком, кои користеле конзервирани капки биле прекумерна непријатност по инстилацијата на капките, (43%), притисок зад очните капаци (40%), чувство на туѓо тело (31%), чувство на сувост на очите (23%), прекумерно рефлексно солзење (21%) и чешање на очните капаци (18%). Покрај тоа, дури и ако видната острина е нормална, нестабилноста на солзниот филм генерира аберации што може да резултираат со промена на видната функција и намалување на квалитетот на видот (намалена контрастна сензитивност).
Карактеристика на третманот за овие пациенти е да се минимизира воспалителниот одговор на очната површина со избирање терапии за глауком кои ја штедат очната површина, како што се формулации без конзерванси и започнување на третман на суво око со вештачки солзи рано во текот на грижата.
Кои третмани се достапни за суво око?
Сувото око може да има значително влијание врз квалитетот на животот, па затоа е важно пациентите да знаат дека не мора само да го толерираат. Доколку сувоста на очите влијае на квалитетот на сонот или го спречува пациентот да вози, го засега на работа или да ги прави активностите во кои ужива, треба да побара помош од офталмолог што е можно поскоро. Ефикасното управување со болеста на очната површина поврзана со глауком, ќе доведе до подобрување не само на долгорочните визуелни исходи, туку и на придржувањето на пациентот кон зададената терапија за глауком, квалитетот на живот и задоволството од грижата.
Студиите покажаа подобрување до 20% во видната острина кај пациенти со глауком кога синдромот на суво око е соодветно третиран со вештачки солзи. Исто т
