Суво око во менеопауза – причини и решенија

Суво око во менеопауза – причини и решенија

Солзите се состојат од три слоја: липиден , воден, и мукозен слој . Секоја компонента ја штити и ја храни предната површина на окото. Мазниот липиден слој го спречува испарувањето на водениот слој и рамномерно ги распределува солзите на површината на окото, кои се излачуваат меибомовите жлезди . Средниот воден слој, произведен од главнита и акцесорни солзни жлезди, се состои од електролити, протеини, ензими и имуноглобулини. Лизозимот е најзастапениот гликолитички ензим кој има антибактериско дејство во солзниот филм . Веднаш во непосредна близина на површината на рожницата и конјунктивата се наоѓа внатрешниот -муцински,неговата улога е навлажнувачка и дополнително стабилизирање на солзниот филм. Ако солзите испаруваат премногу брзо или се нерамномерно распоредени низ рожницата, поради недостаток во која било од трите компоненти , може да се развијат симптоми на суво око.

Со текот на стреењето, женските солзи стануваат вистинска реткост. Во менопаузата, кога повеќето органски системи страдаат поради падот на нивото на женските полови хормони, лакрималниот апарат е под стрес токму поради недостаток на машки полови хормони-андрогени . Имено, за време на менопаузата престанува не само производството на женски, туку и машки полови хормони, нормално присутни во телото на жената во репродуктивна возраст.

Производството на солзи се намалува со возраста , поради растечките воспалителни и стресни пореметувања на кои е изложен солзниот апарат , па ризикот од суво око се зголемува, особено кај популацијата постара од 55 години. Сепак, фрапантен е податокот дека е два до три пати почест кај жените. Истражувањата покажаа дека при ниско ниво на машки полови хормони, голем број на имунолошки компетентни клетки мигрираат во солзната жлезда, чиј број значително опаѓа штом ќе се намали нивото на андрогените . Имено, машките полови хормони ја инхибираат, иако не целосно, имунолошката и воспалителната реакција во организмот. Познавањето на сложената улога на андрогените хормони во солзниот апарат може да помогне да се расветли мистериозната природа на Сјгреновата болест, автоимуно нарушување кое ги зафаќа сите плунковни жлезди и мукозните жлезди на носната слузница и усната празнина покрај солзните жлезди. За таа цел во лаборатории сеуште се тестира локалната примена на препаратите на андрогени хормони, а првите резултати се охрабрувачки.
Сите жени во климактеричниот период имаат зголемен ризик од развој на синдром на суво око, вклучително и оние кои земаат само естрогени како хормонска заместителна терапија. Жените кои се подложени на хемотерапија, зрачење и пациентите кои страдаат од имунолошки нарушувања се особено ризична група.

глаболка

Како да го препознаеме синдромот на суво око

Симптомите се крајно непријатни и постојани, а се манифестираат со постојано чувство на присуство на туѓо телои песок во окото, печење и болно чешање, чувство дека очните капаци се суви кога минуваат преку рожницата, иритација, тежина ,замор ,пецкање,црвенило и привремени пореметувања во визуелната острина. Кај хиперевапоративно око симптомите се изразени и поинтензивни наурро при будење а кај хипосекретерно суво око се вошуваат при крајот на денот

Третман?

Покрај медицинскиот третман, треба да се избегнува сув воздух во просторијата, силна топлина која го забрзува испарувањето на солзите, фен за коса, зачадени простории, ветровито време, агресивна шминка итн. Што се однесува до исхраната, се подразбира соодветна хидратација на организмот, а резултатите од некои прелиминарни студии покажаа дека почестото консумирање на масни риби, како туна и лосос, помага во ублажување на симптомите.

Дополнителни фактори на ризик

Меки контактни леќи – може да ја влошат непријатноста
ЛАСИК, хируршка процедура која ја корегира рефракцијата на окото – се претпоставува дека слоевиот рез на рожницата ги оштетува завршетоците на нервните влакна чиј интегритет е важен за физиологијата на рожницата и окото во целина.

Употребата на антихипертензиви, диуретици, кардиоваскуларни лекови и психофармацевтски препарати (вклучувајќи антидепресиви), антихистаминици и лекови против хипертрофија на простата исто така може да ги влошат симптомите.

Оштетување на видот? – При суво око солзниот филм е нерамномерно распореден на рожницата, така што светлината не може секогаш да се прекрши на правилен начин. Ова резултира со изобличувања и заматени слики.Нестбилен солзен филм резултира и со зголемен ризик од инфекција која може да предизвика штета во поголем обем.

. Кај жените во менопауза се јавува и синдромот на зголемена лакримација на окото. Не е невообичаено да имаат периоди на еден па последователно и на друг синдром. Тоа е парадоксално зголемено производство на солзи. Тоа е предизвикано од истите фактори кои се одговорни за развој на синдромот на суво око, а само на прв поглед изгледа нелогично. Тоа се објаснува со фактот дека иритираното суво око, т.е. рожницата, преку нервните завршетоци кои се надразнети , испраќа пораки до солзната жлезда за зголемено лачење на солзи . Овој одговор е еквивалентен на одговорот на присуството на туѓо тело во окото. Синдромот на зголемена лакримација на окото е почест во случаите кога испарувањето евапорацијата на солзите од површината на рожницата е патолошки забрзано. Значи пациентите имаат зголемен интензитет на солзење и тешко им е да поверуваат дека имаат суво око. Овој парадокс го објаснуваме со тоа што има зголемено производство на водената компонента на солзниот филм додека функцијата на другите два слоја е пореметена .

вештачки солзи

Фотофобија

Фотофобијата (фотофобија) една од честите очни непријатности кај жените во менопауза. Тоа подразбира нетолеранција на окото на светлина. Тоа е иницирано и со микрооштетување на површината на рожницата. Не треба да се заборави дека некои лекови предизвикуваат фотофобија со попречување на нормалното функционирање на мускулот кој го регулира отворот на зеницата-m sphincter pupilae, кој притоа пропушта голема количина светлина (амфетамини, антихистаминици, канабис и кокаин, атропин, скополамин,).

  • Лекувањето на сувото око е скапо, бара мултидисциплинарен третман и послушност на пациентот и придржување кон третманот и советитие на лекарот
  • Избегнувајте силно изложување на сонце и носете очила за сонце.
  • Носете заштитни очила кога работите со хемикалии и алати,избегнувајте задимени простории
  • Проверувајте го видот на секои две години ако носите очила, т.е. на секои пет години ако не ги носите.
  • Избегнувајте неконтролирана употреба на капки за очи.
  • несувајте орални антиоксиданти –омега3 и омега -6 Вит А ,Ц ,Е цинк и селен
  • Користете вечтачки солзи секојдневно симптомите ке бидат секако намалени па дури и по некое време ке исчезнат
Вешташки солзи како прва линија на треман на суво око

Првата линија на третман се вештачки солзи без конзерванси, кои го зголемуваат волуменот на солзниот филм . Тие се состојат од вода, натриум хијалуронат, електролити и лубриканти, кои го имитираат природниот состав на солзите. Се препорачува да се нанесуваат овие капки колку што е можно повеќе пати на ден.. Локалната терапија со благи кортикостероиди може да го намали воспалението, а понекогаш се потребни и антибиотици со широк спектар за лекување на воспаление на рабовите на капакот-тетрациклински антибиотици . Се препорачува и хигиена на очните капаци со користење на стерилни марамчиња со активни состојки, наменети за секојдневна употреба и/или масажа со суви топли облоги. Муколитици , НСАИЛ ,бандажни терапевтски леќи се исто така тераписки избор за лекување на суво око Локална апликација на циклоспорин или автологен серум е индицирана кај потешки случаи на суво око како и тарзорафија .. Трансплантацијата на амнионската мембрана се изведува во најтешките форми на оштетување на рожницата предизвикано од суво око. Исто така, постои можност за поставување на солзни чепови во самите пункти на одводните солзни канали со цел да се забави истекувањето на солзите од окото оваа метода се користи кај тешки форми на суво око .

Д-р Бојана Георгиевска Димовска