ТААН – Здраво и вкусно

ТААН – Здраво и вкусно
Таанот е природен производ подготвен од мелено сусамово семе. Има одлична хранлива и енергетска вредноста со тоа и  широка примена како додаток на многу јадења но и како самостојна намирница. Уште поважно е што е богат со есенцијални витамини, минерали и аминокиселини.

Првите податоци за употребата датираат од арапскиот кувар од 13 век. Од арапските земји понатаму се проширува  во Индија, Кореја и Јапонија. Денес често се користи во медитеранската кујна и во балканските земји

Богат нутритивен состав
Таанот е богат извор на витамини,  минерали, антиоксиданси (железо, магнезиум, калиум, фосфор и витамини Б и Е.) Одличен извор на бакар, манган и аминокиселина метионин. таанот е извор на здрави масни киселини , омега 3 и 6, а содржи и висока количина на протеини.Една порција таан има скоро  иста количина на железо како и парче црвено месо од 80 гр.

ЗА ШТО СЕ Е ДОБАР ТААНОТ
Помага во формирање на јаки коски
Tаанот има изразени диететски и терапевтски својства. Тој е одличен извор на калциум. Една порција таан содржи околу третина од дневната препорачана доза на овој минерал.
Калциумот е важен за јакнење на коските, забите и мускулите а истражувањата го поврзуваат со намалување на ризикот од алергии и некои видови карцином.
За здраво срце и нервен систем
Таанот е богат извор на есенцијални масни киселини омега 3 и омега 6. Овие киселини се важни за здравјето на зглобовите, рскавицата, нервниот  систем, мозокот и кожата.
Има висока pHвредност што значи дека го алкализира организмот при што ги неутрализира киселите намирници со ниска pHвредност.
Најновите истражувања покажуваат дека редовното консумирање на тахини значително го намалува ризикот од мозочен и срцев удар.

Детоксификација
Сусамовото семе е богато со аминокиселината метионин која има важна улога во чистењето на црниот дроб од токсини и апсорпција на други аминокиселини во организмот

Олеснува дигестија и содржи многу влакна
Тахини е одлична храна за сите кои имаат проблеми со дигестивен систем и тешка пробава. Две лажици тахини содржат 4гр влакна а во просек дневниот внес треба да изнесува од 20-35 гр влакна дневно.
Со оглед на тоа дека за негова припрема семките од сусам се ситно мелени, таанот  многу лесно се дигестира.

Одличен извор на протеини

20%од составот на тахини се протеини што значи дека содржи поголема количина на протеини од јаткастите плодови. Тоа дава голема важност како извор на протеини и билни маснотии во исхраната  кај вегетаријанци и вегани.

Употребата на мала количина на таан секојдневно, ќе влијае поволно на целиот организам, ќе ги доведе во рамнотежа хормоните и ќе ја исчисти Вашата кожа. Со ова ќе го ублажите оксидативниот стрес а ќе ги подобрите менталните и когнитивните капацитети.

Таанот во кулинарство

Тахини е често користена состојка на сирова прехрана. Можете да го јадете како сос со сиров или печен зеленчук или како намаз на леб и пецива.
Некои го опишуваат како замена за путер, маргарин или намаз од кикирики.

Таанот можете да го употребувате како прелив за свежи салати. Измешајте една лажица таан, една лажица маслиново масло, половина лажица јаболков оцет (или сок од цеден лимон), измешајте и додадете ја мешавината во салатата. Во длабока чинија, исечкајтесвежо овошје, ставете снегулки, јаткасти плодови по желба и додадете една лажица мед и една лажица таан, така ќе имате совршен и здрав десерт. Со таанот можете да направите вкусен напиток од таан и банана.Изблендирајте ги овие две состојки и послужете. Кога станува збор за чувањето, тогаш не заборавајте дека таанот мора да биде убаво затворен. Ставете го во фрижидер и ќе можете да го употребувате неколку месеци.

Припрема на таан.
За припрема во домашни услови се: една чаша сусам и две лажици маслиново масло

Сусамот ставете го во вода, нека отстои 10 минути, потоа убаво исцедете го и ставете го да се пече (повремено промешувајте). Кога сусамот ќе почне да добива потемна златна боја, извадете го од рерна и оставете го да се олади. Откако ќе се олади, ставете го во блендер, блендирајте додека не добиете хомогена смеса, додадете масло и повторно блендирајте. Смесата ставете ја во стаклена тегла и убаво затворете ја. По желба се додава лимонов сок, морска сол или пак какао мед, ванила и чоколадо.