Тава со брокула и печурки

Тава со брокула и печурки

Потребни состојки (4 лица)

– Брокула- 600 гр
– Свежи шампињони- 300 гр
– 2 јајца
– 250 мл павлака за готвење
– магдонос по желба
– масло, сол и бибер

Подготовка

Брокулата ставете ја во вода што врие околу 5-10 минути. Шампињоните исецкајте ги на ливчиња и на масло пропржете ги. Брокулата и шампињоните ставете ги во сад за печење, јајцата и павлаката измешајте ги заедно со солта, биберот и магдоносот и сипете во садот. Ставете го садот во загреана рерна на 200 степени и печете околу 20 минути. Да се послужи топло.