Тиква

Тиква

Не случајно е омилен плод на сите раскажувачи на приказни бидејќи во неа се крие вистинското волшепство. Нема сомнение дека тиквата е слатко искушение на повеќето луѓе. Покрај тоа што е ароматична и вкусна, есенската кралица е и ризница на витамини, минерали, олигоелементи, пектин, целулоза…

Со редовно присуство на тиквата во нашето мени, му овозможуваме на организмот заштита од штетното дејство на слободните радикали, што претставува идеален диуретик, го намалува нивото на холестерол во крвта, штити од кардиоваскуларни заболувања и погодна е за дијабетичари.