ТИКВИЧКИ

ТИКВИЧКИ
Тиквичките припаѓаат на видот Cucurbitaceae, а во ботаничка смисла тие се сметаат за овошје.

Се карактеризираат со долгнавеста форма и зелена кора, поради што многу личат на краставици. Плодот е богат со хранливи материи, така што тие треба почесто да бидат вклучени во нашето мени. Повеќето хранливи материи, како што се витамините Б и Ц, се наоѓаат во кората, па затоа не е препорачливо да ги лупиме пред да се подготват оброците. Покрај кулинарските вредности тиквичките имаат и значајни здравствени ефекти. Поволно делуваат на системот за дигестија и регулација на варењето на храната, помагаат во диети и се добри за губење на вишокот килограми. Покрај ова се познати и како чувари на простатата и имаат ефект на намалување на крвниот притисок.