Улогата на бакопа кај деменцијата

Улогата на бакопа кај деменцијата

Живееме во време, кога секојдневно сме изложени на стрес и преоптеретеност. Брзото темпо на живот, начинот и животниот стил се причинители за се почесто застапениот т.н. Burnout синдром (синдром на согорување) со кој се соочуваат пациенти од сите возрасни групи, почнувајќи од адолесценти, па се до геријатриската популација.

Нашата цел, како медицинари, а воедно, и нашето внимание, е насочено кон зачувување, како на физичкото, така и на менталнотоз дравје. Горе наведените фактори се одразуваат на квалитетот на животот на една индивидуа, па баш поради тоа, нашиот фокус е да го подобриме, одржиме или продолжиме квалитетното живеење, а воедно да се посветиме и на концентрацијата и памтењето, како составен дел од дефиницијата за квалитетен живот. Во секојдневна пракса, пациентите доаѓаат и бараат препарат, кој ќе ги задоволи сите нивни потреби, од подобрување на когнитивните способности, до подобрување на интелектуалните перформанси, а пред се подобрување на концентрацијата и меморијата.

Деменцијата, како една состојба поврзана со денешната тема, би ја дефинирала како сериозна загуба на способноста за осознавање на една претходно здрава личност. Оваа состојба не е единечна болест, туку претставува неспецифичен синдром (т.е.збир на знаци и симптоми) во кој оштетени делови од осознавањето може да бидат меморијата, вниманието, способноста за учење, размислување, задржување на сеќавањето или потсетување на некое искуство од минатото, како и промена на начинот на размислување, чувствување и работење. Функцијата на мозокот е доволно засегната за да влијае врз нормалниот општествен или работен живот на лицето. Обележје на деменцијата е неспособноста да се вршат секојдневните активности, како последица на намалените спознајни способности. Постојат неколку форми на деменцијата: Алцхајмерова болест, васкуларна деменција, фронтотемпорална деменција итн…Од основна важност е ова заболување да се утврди медицински, во раната фаза, кога прв пат ќе се појават знаците, а раното утврдување на заболувањето ќе значи и ран пристап до подршка, информациии лекови. Има поголем број на здравствени состојби што даваат симптоми слични на деменцијата. Тие состојби честопати може да се лекуваат или да се супримираат,со цел подобрување на општата здравствена состојба на пациентите. Засега нема лек за повеќето облици на деменција, меѓутоа установено е дека некои лекови може да намалат некои од знаците на болеста.

Advancis Smart Strong

Smart extra strong на Advancis е препарат кој би го издвоила, како суплемент, за третман на овие состојби.Претставува засилена формула на база на L-arginine, бакопа, омега 3 и витамини од групата Б. Тоник за мозокот, кој претставува значајна помош, во периоди на висока интелектуална побарувачка и во зајакнување на когнитивната функција кај децата, возрасните и постарите лица.

Би посветила малку внимание на една состојка содржана во овој препарат. Тоа е бакопа(Bacopamonnieri), која во ајурведската традиционална медицина се користела како “тоник за мозокот”.Ова растение најчесто се користи во Индија. Помага во зачувување на меморијата и подобрување на когнитивната функција, помага при анксиозност, го намалува воспалението, содржи моќни антиоксиданси, помага да се намалат симптомите на АДХД(Attention-deficit/hyperactivitydisorder – Нарушувањена хиперактивност со дефицит на внимание), помага во намалување на крвниот притисок,и сл…Препарати од ова растение се користат за подобрување на когнитивните функции. Претставува ефикасен препарат кој подржува одржување на нормалната циркулација на крвта во мозокот, помага во подобрување на функцијата и преносот на сигналите низ невроните, подобрува ментални (когнитивни) перформанси, подобрува меморија, несоница, делува икако анксиолитик. Конкретно екстрактот од бакопа го подобрува примањето на електрични импулси, односно сигнали со информации, и овозможува подобрен пристап до мемориските центри, поефикасно поврзување, превземање и обработување на складираните информации, што резултира со подобра меморија. Поради своите адаптивни и стимулативни регенеративни процеси, билката може да се користи како помошно средство за закрепнување. Го подржува нервниот систем, ги намалува проблемите со спиењето, ја поджува меморијата и концентрацијата за време на умствениот напор, се препорачува при несоници, главоболки, оштетување или губење на меморијата, при голем ментален стрес итн. За ординирање на оваа, и било која терапија, секако, е потребна консултација со вашиот лекар.

Покрај основната терапија кај пациентите со деменција, препарати на база на оваа билка, можат да се користат како суплементарна терапија, за подобрување и намалување на симптомите, воедно поддршката е од особена важност за луѓето со деменција, а помошта од семејствата, пријателите и негователите може да придонесе до полесно справување со оваа состојба.

Ивана Димковска
доктор по општа медицина.