Уморни сте и после спиење? Можеби спиете во погрешна поза

Уморни сте и после спиење? Можеби спиете во погрешна поза

Скоро 80% од луѓето се соочуваат со несоница неколкупати во месецот, додека 23% се будни секоја ноќ. Половина од луѓето во светот се будат ненаспани, уморни, збркани во умот, а тоа го покачува ризикот од дијабетес и депресија.

Сонот е императив за општото здравје на човекот, но залудно спиете осум часа ако за сето тоа време спиете со рацете под глава. Спиењето во погрешна позиција води до грчеви во мускулите, намалена циркулација, болки во коските, кошмари и низа други здравствени проблеми. Кога спиете доволно долго, на соодветен душек, чиста постела и во правилна поза, сонот делува терапевтски.

Ако имате …

Киселини во стомакот

Легнете на лева страна – „Според тоа како се распоредени органите, спиењето на лева страна значи помал притисок врз долниот сфинктер на хранопроводот“, вели специјалистот за спиење Пријанка Јадав од центарот „Спиј за живот“ во Њу Џерси. (Сфинктерот во суштина е вратата низ која поминува храната на патот до утробата. Кога е под стрес, стомачната киселина се качува нагоре иритирајќи го грлото.) Легнете на лева страна одморајќи со рацете испружени пред вас. Благо свиткајте ги колената и поткренете ги нозете кон трупот, во полуфетус. Ако премногу ве гори, легнете на грб и искористете неколку перници за да ги поткренете главата и градите. Или поткренете го душекот кај заглавјето неколку сантиметри со помош на перници или ќебе намотано во ролна.

Болки во грбот

Легнете настраната со потпора под нозете – Околу 40% од луѓето страдаат од проблеми на `рбетниот столб, а многу од нив потекнуваат или се влошуваат поради лошото позиционирање во текот на спиењето. Спиењето во искривена поза со часови може да ја загрози флексибилноста на `рбетот. Клучот е да го одржувате `рбетот во неутрална, природно извиткана поза. Легнете настрана и благо свиткајте ги колената, но ќе внимавате колковите да се во права линија еден врз друг (ако едниот колк или колено натежне врз другиот ќе дојде до ротација на лумбалниот пршлен и интензивирање на болката). Ставете една или две цврсти перници меѓу колената за да ги одвоите нозете во ширина на колковите. Рацете нека одмораат испурежни пред вас. Иако на почеток позата ќе делува непријатно, не откажувајте се! За спиење со потпора потребна е практика.

Синусна болка

Легнете настрана и поткренете ја главата – Секогаш кога сте затнати, дали како последица на алергија, синусна инфекција или поради обична настинка, избегнувајте да спиете на грб. При спиење на грб задолжително се затнуваат и двете ноздри. Несвесно ќе почнете да дишете на уста во текот на ноќта, а тоа ќе доведе до исушување и стврднување на слузта што ве држи затнати. затоа легнете на грб со екстра перница под глава и дозволете и на гравитацијата да ви помогне со дренажата. не заборавајте дека кога главата е поткачена на високо, на рацете ќе им треба дополнителна поддршка, затоа гушнете една перница. Наместете ги нозете во комфорна, благо извиткана поза.

Болки во рамена

Легнете настрана прегрнувајќи се – Болките во рамената се должат на многу причини, но најчесто настануваат како резултат на трнливо спиење настрана. Не е печатна грешка, добро читате, спиењето настрана може да предизвика и да ја елиминира болката во рамената. Секогаш кога долната рака ја ставате под глава грешите, бидејќи така го притискате снопот нерви што го контролира движењето на рамената, рацете и дланките. Тоа е како да спиете со тег од 4 килограми, тој секако ќе ги исцрпи нервите. Прво, не спијте на болната страна. Легнете на страната што помалку ве боли со нозете благо свиткани. Истегнете ја долната рака право, пред вас, ставете перница врз неа и гушнете ја со помош на другата рака лепејќи ја на гради. Ако имате болки и во грбот, трудете се нозете да ги држите точно една врз друга (за да спречите едната да натежна врз другата, ставете една перница помеѓу бутовите). Ако ве болат и двете рамена, легнете на грб и истегнете ги рацете на страна.

ПМС Болки

Легнете на грб – Ако легнете настрана, гравитацијата ќе делува како тежина врз и онака чувствителните гради, ако легнете на стомак вашата тежина ќе се одрази како притисок врз матката предизвикувајќи дополнителни грчеви. Затоа легнете на грб, ставете перница под колената за долниот дел од `рбетот да остане прав. Испружете ги рацете настрана. Ако болките не стивнуваат, ставете уште една перница под коената за да обезбедите подобра потпора за трупот.

Вкочанета вилица

Легнете на грб и држете ја главата право – Чкрипење со забите во текот на ноќта (бруксизам) е генетска состојба со која се соочуваат 8% од возрасните. ја поврзуваат со стрес, анксиозност или инсомнија. Покрај болките во вилицата, ронење на забите, бруксизмот може да го смени дури и обликот на лицето. Ако мислите дека чкрипите со забите навечер, легнете на грб со лицето насочено кон таванот. Така ќе овозможите долната вилица да падне во природна позиција, а фацијалните мускули ќе се опуштат. За да ги намалите шансите да се свртите настрана во текот на ноќта, држете ги рацете исправени покрај телото (луѓето честопати потсвесно се вртат кон свитканата рака).

Здрвен врат

Легнете на грб – Оние перници тенки како лист не ви се од корист, особено не во ваква ситуација. Перницата што ја позиционира главата во надолен или нагорен пад, ги притиска цервикалниот (вратен) `рбет и вратните мускучи, предизвикувајќи болка – особено ако лежите настрана или на стомак. Многу луѓесо вратна болка имаат корист од спиење на грб со вратот сместен во неутрална (читај: права) позиција, што значи потребна ви е перница што ќе ја обезбеди истата. Рацете нека бидат опуштени настрана, покрај телото, не дозволувајте им да завршат под глава. Ако се работи за сериозна болка или дискус хернија, воопшто не ви е потребна перница, туку тврд рамен душек за да го исправите вратот.

Болки во колковите

Легнете на грб – Спиењето настрана додава притисок врз колковите. Спиењето на грб значи одмор за колковите од константниот стрес како одење и седење. Ако се чувствувате убаво, ставете перница под колената како дополнителна потпора.

Вас не ве боли ништо?

Тогаш, спијте настрана!

Создајте навика да спиете настрана во поза на полуфетус:

  • Изберете страна, свиткајте ги колената и кренете ги нозете на половина растојание од градите.
  • Оставете перница помеѓу колената за дасе ослобидте од каков било притисок во грбот.
  • Рацете се пред вас, благо свиткани во лактите. Ако не ви е удобно, во ред е да се вратите во вашата комфорна поза, само трудете се да ја избегнувате најпроблематичната: спиење на стомак.
  • 22% од луѓето го фаворизираат спиењето на стомак, иако истото може да предизвика искривување на цервикалниот `рет и рамената.
  • Плус, лицето потонато во перница цела ноќ е одлична подлога за појава на брчки и размножување акни.