Вообичаено, по долгата зима, на организмот му е потребно своевидно „рестартирање“ и започнување на нова свежа животна серија полна со енергија.Во природата, пролетта е време на будење, обновување и растење. Па, така, и за нашиот организам, оваа годишна доба е време за регенерација, обновување и за полнење на батериите.
Чистењето на организмот може да ви помогне во враќањето на енергијата и да ви ја подобри здравствената состојба! Сè што треба да направите е да посветите малку внимание и време – и резултатите се тука! Со паметни одлуки, помогнете му на вашиот организам да остане во добра форма и со добро здравје во текот на периодот кој претстои.
Дали на вашиот организам му треба чистење?
Денес, речиси сите стручни лица од областа на нутриционизмот препорачуваат периодични циклуси на детоксикација на организмот. Хипократ ја препорачувал во насока на подобрување на здравјето, а Платон ја препорачувал како задолжителна „предлекција“ на своите ученици, за да ги подготват телото и духот за неговите учења. За вистинската потреба од детоксикација, едноставно, слушнете го вашето тело.
Доколку сте постојано уморни, поспани, имате намалена концентрација, намален имунитет, промени во расположението и депресија, најверојатно на вашиот организам му треба чистење.
Симптоми кои се појавуваат при вишок токсини во организмот:
- главоболка,
- депресија,
- слаба концентрација,
- подуеност во стомакот и гасови,
- забавување на метаболизмот,
- прекумерено слабеење или дебелеење,
- запек,
- прерано стареење.
Чистењето на организмот можете да го направите кога и да посакате, но, сепак, можеби најдоброто време за тоа се пролетта и летото. По долгата зима, кога исхраната е сиромашна со свежо овошје и зеленчук, ова е одличен период да го прочистите своето тело и да го наполните со витамини и минерали.
Најважни органи вклучени во секојдневното чистење на организмот се:
Главно, штетните материи секојдневно се отстрануваат од организмот преку урината, фецесот и процесот на дишење. Жолчната кеса, лимфните жлезди, кожата и крвта се канали кои даваат поддршка во процесот на детоксикација.
- кожа – ги елиминира токсините од телото по пат на потење;
- црн дроб – го филтрира целиот отпад и трпи најголеми оштетувања;
- белидробови – ги елиминираат штетните гасови (пред сèјаглеродниот диоксид);
- црева – имаат двојна улога – да ги превземаат хранливите материи и ги елиминираат непотребните;
- бубрези – помагаатво елиминација на штетните материи преку урината.
Детоксикацијата треба да ги прочисти цревата, крвниот систем и да потпомогне во работата на сите овие органи кои го вршат природното чистење на организмот.
Зошто на организмот му треба чистење?
Нашиот организам не е единствено оптоварен со преработка на тешка и нездрава храна, тој, исто така, мора да ги елиминира пестицидите и токсичните материи, кои навлегуваат во телото од нашето окружување и храната, воздухот, па дури и од водата. Кога на ова уште ќе го додадеме и стресот, пребрзиот животен ритам и помалку вежби, несомнено добиваме низа фактори кои значително влијаат на нормалниот и здрав животен биоритам.
Со детоксикацијата или чистење на организмот, му помагаме на нашето тело да ја врати својата природна рамнотежа, енергија, концентрација и позитивен став.
Детоксикација во 5 едноставни чекори:
Постојат повеќе начини за детоксикација на телото. Но, најдобрите се оние од природата, кои се едноставни и бесплатни. Чистењето на организмот не мора и не треба да биде комплицирано. Придржувајте се на овие едноставни правила и набрзо ќе ги почувствувате бенефитите од тоа.
Овошје
Консумирајте што повеќе свежо овошје. Овошјето ќе го поттикне процесот на детоксикација и несомнено ќе ви донесе енергија и виталност.
Вода
Пијте што повеќе вода! Водата е пресудна за нашето здравје, бидејќи игра улога во сите физиолошки процеси на организамот. Водата е неизоставен дел од секоја детоксикација. Пијте 8-10 чаши вода секој ден. Водата помага во елиминација на токсините од организмот, гиподобрува метаболизмот, расположението и изгледот на кожата.
Зелен зеленчук
Зеленчукот, особено зелениот (брокула, кељ, спанаќ),е богат со витамини и минерали, го подобрува имунитетот, го чисти организмот од токсини и содржи многу малку калории. Јадете што повеќе во суров облик, динстан или зготвен на пареа, во салати или во домашни сокови.
Интегрални житаркии мешунки
Интегралните житаркии мешункитесе одличен извор на антиоксиданти, витамини, минерали, протеини и диететски влакна. Вклучете во вашата исхрана кафеавориз, леб од интегрално брашно, кус-кус, булгур, елда, интегрални тестенини, различни видовигравилеќа.
Лимон
Лимонот е идеална намирница за детоксикација, бидејќи помага за елиминирање на токсините од организмот. Започнете го денот со чаша топла вода во која сте исцедиле половина лимон. Нека оваа практика стане ваше секојдневие и ритуал. За резултатите уверете се сами.
Што уште се препорачува во текот на детоксикацијата?
Одморајте! Одморот е многу важен за регенерацијата на вашето тело. Одете порано на спиење. Во текот на детоксикацијата е потребно најмалку 8 часа сон. Лесни вежби. Пешачење, јога, растегнувањеивежби за дишење поволно влијаат на организмот. Избегнувајте исцрпувачки вежби. Поминувајте повеќе време во природа, пешачете и дишете свеж воздух. Кислородот е основен елемент за живот. Свежиот воздух гиподобрува енергијата и виталноста, а негативните јони, кои се наоѓаат во природата, позитивно влијаат на нашето здравје. Пешачењето,исто така,го подобрува ритамот на срцето и го намалува стресот. Променете го начинот на подготвување на храната. Наместо пржена и печена храна, јадете што повеќе овошје и зеленчук. Гответе повеќе на пареа, на овој начин намирниците задржуваат поголем процент на витамини и минерали.
Што треба да избегнувате во текот и по детоксикацијата?
- Не консумирајте алкохол, кафе или газирани пијалаци.
- Ако неможете без цигари, намалете ги на минимум.
- Избегнувајте процесирана храна, маргарин, рафинирани масла, бел шеќер.
- Избегнувајте тешка пржена и масна храна.