ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДОБАР ВИД

ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДОБАР ВИД
Очите се огледало на душата. Повеќе од 80% од информациите што ги примаме доаѓаат преку сетилото за вид. На здравјето на очите влијаат многу фактори со кои сме опкружени: прашина, ветер, издувни гасови, физички трауми, долготрајно гледање во монитор, УВ-зраци, многу ниски температури. Во многу случаи за лошиот вид виновна е долгогодишната исхрана со многу скроб, шеќер, протеини, кафе, цигари… За среќа, многу благотворно може да влијаеме и да го поправиме видот со нешто што е безболно, здраво и вкусно. Тоа е нашата храна! Добро избалансираната исхрана богата со минерали, витамини, антиоксиданси и други биолошки вредни материи има благотворно влијание на здравјето на очите.

Морков
Не можеме да не го ставиме на прво место. Неговата моќ се крие во големата количина на бетакаротен, ликопен, лутеин и многу витамин А. Бетакаротенот е материја која во човечкиот организам се претвора во витамин А. Воедно бетакаротенот е силен антиоксиданс ефикасен во борбата против некои облици на карцином. Помага во одржување на слузницата на окото, го намалува ризикот од макуларна дегенерација и катаракт.

Лосос
Омега-3 масните киселини се важни чувари на целокупното здравје и имаат позитивно влијание на видот. Лососот е одли- чен извор на омега-3 масни киселини, но исто така е богат со витамин А, витамин Д, кои го прават една од најпопуларните храни за подобрување на видот. Освен лососот, омега-3 масни киселини содржи скушата, пастрмката, туната, сардината, јаткастите плодови, лененото семе, семките од тиква и други производи. Рибата треба да се јаде најмалку два пати неделно.

Боровинка
Како и другите бобинки, така и боровин- ката многу придонесува за здравјето на очите. Содржи антоцијани кои помагаат во зачувување на цврстината на капиларите, ноќното слепило и штити од катаракт. Замрзнатата боровинка е исто толку квалитетна како и свежата. Јадете барем два пати неделно. Боровинката е добар извор на растителни влакна, витамин Ц и витамин К. Според некои тестирања има најмногу антиоксиданси од сите видови овошја.

Зеленолистен зеленчук
Блитвата, спанаќот, зелената салата и броколата содржат лутеин и зеаксентин, кои често ги викаме “витамини за очи”. Делуваат на мрежницата на окото и ја спречуваат макуларната дегенерација на очите, којашто е поврзана со стареењето. Освен што се грижи за добриот вид, лутеинот, исто така, ја чува и нашата кожа од штетното влијание на УВ-зраците. Зеленолис- ниот зеленчук изобилува со витамин А, Б, Ц и со калциум и затоа треба редовно да биде на нашето мени.

Домат
Содржи ликопен, лутен и витамин Ц, кои се први во борбата против слободните радикали кои го оштету- ваат видот. Ликопенот ги одржува ткивата млади и еластични, а витаминот Ц го зајакнува имунитетот, со што покрај видот го штити организмот од инфекции и настинки.

Лук
Богат е со многу минерали кал циум, сулфур, фосфор, железо. Содржи етерични масла како што е алицинот, па затоа го викаат антибиотик од природата. Благодарение на сулфурните соединенија во својот состав, лукот го подобрува видот, спречува глауком, катаракта и дегенеративни болести на очите. Со еден збор, лукот ја зголемува одбранбената способ- ност на организмот.

Покрај наведениве производи за добар вид одлично влијание имаат авокадото, тиквичките и цитрусите (лимон, портокал, цитрон).