Зелена салата

Зелена салата

Првата асоцијација, кога е во прашање салата, е зелената салата или позната уште како марула. На луѓето им е позната уште векови пред новата ера, а до ден-денес е редовен придружник речиси на секоја трпеза. Се вклопува речиси со секое јадење, може да е дел од секоја салата, а неретко е специјалитет сама по себе. Редовен придружник е и на чашка добра ракија. Зелената салата има ниска енергетска вредност, содржи доста вода, а и значаен извор е на фолна киселина и антиоксиданти. Исто така, содржи витамини од Б групата (Б1, Б2, Б6…), содржи доста влакна, малку протеини и масти, содржи ензими и значаен хлорофил. Значаен е фактот дека зелената салата е богата со витамини Ц и К кои помагаат во спречување на стареење на клетките. Претставува вистинска мала зелена аптека со големи здравствени ефекти.