Живот со дијабетес

Живот со дијабетес

Совети, информации и насоки како да ја менаџирате оваа состојба

Diabetes mellitus – тоа е една хронична состојба која се карактеризира со високо ниво на глукоза во крвта. Според патогенетскиот механизам постојат повеќе типови, и тоа:
diabetes mellitus type 1 (каде постои недостаток на инсулин), diabetes mellitus type 2 (каде постои инсулинска резистенција), гестациски дијабетес (што се јавува при бременост).
Необјаснив губиток на телесна тежина, зголеменa жед и глад, зголемена фреквенција на мокрење (полиурија, полидипсија, полифагија – 3П), замаглен вид, слабост – имам ли „шеќерна болест“? Покрај карактеристичните симптоми што можат да се појават одеднаш или постепено со текот на времето, тестови кои се користат за да се дијагностицира оваа состојба се: утринска гликемија на гладно, орален гликоза толеранс тест и HbA1C (гликозилиран хемоглобин).

Запомни – не си сам!

Се претпоставува дека на светско ниво околу 246 милиони луѓе страдаат од оваа состојба. Она што е карактеристично е што здравствените проблеми и компликации како оштетување срцето (кардиоваскуларни заболувања), бубрезите (дијабетична нефропатија), очите (дијабетична ретинопатија) и стапалата (дијабетично стапало) преку оштетување на микроциркулацијата и неуропатијата, настануваат со текот на времето доколку нивото на гликоза во крвта не е соодветно контролирано. Но, сето тоа успешно може да се менаџира со што би се спречиле компликациите што можат да настанат.
Предизвик е да се живее со оваа доживотна состојба. Заедно со својот лекар може да се изработи план за успешно менаџирање на болеста преку промени во животните навики, воведување орални антидијабетични лекови или супституција на инсулин. Но, запомни – ескпертот за себеси си самиот ти!
Знај ги целните вредности на нивото на гликоза во крвта. HbA1C, крвниот притисок и нивото на холестерол кои треба да ги одржуваш. Добра алатка е водење свој сопствен дневник и внесување на измерените вредности на гликемијата. Запишувај ја секоја состојба која забележуваш дека има влијание врз нивото на гликоза како физичка активност, стрес, консумирање специфична храна за време на празници и слично. Запомни – нема „добри или лоши бројки“, туку само увид колку добро е контролирана вашата состојба и кои промени треба да ги преземете.

Храни се добро и здраво.

Имајќи ја оваа состојба не значи дека треба да се направи целосна елиминација на јаглехидратите од исхраната. Клучното е правилна распределба на порциите, што значи ½ зеленчук, ¼ протеини и ¼ јаглехидрати. Оброците треба да се базираат на храна богата со растителни влакна (интегрален леб, овошје, зеленчук, жито, мешункасти плодови); да се избегнуваат заситени масти (пржена храна, сувомесни производи, масно месо, чипс); да се избегнуваат артикли како бонбони, газирани пијалаци, чоколади, торти, бисквити); алкохолот да се избегнува или ограничи на 1-2 единици дневно (1 чаша пиво 285 мл, 1 чаша вино 120 мл, 1 чаша жесток алкохол 30мл); да се намалени внесот на сол и др.

Биди активен. Една од клучните начини за добра контрола на нивото на гликоза во крвта е физичката активност. Започни постепено пешачење, возење велосипед, пливање или која било друга физичка активност во склоп на можностите на личноста 3 пати неделно по најмалку 30 минути.

Бројот на луѓе на кои им е дијагностициран дијабетес мелитус и неговите компликации значително се зголемува ширум светот, што доведува до светска епидемија која ги опфаќа сите возрасни групи, од деца до постари возрасни лица. Патофизиолошки, дел од компликациите кај оваа болест се поврзани со промени во микроваскулатурата. Такви се дијабетичната ретинопатија и дијабетичната невропатија.
Дијабетичната невропатија е најчеста компликација на дијабетес. Се карактеризира со болка и чувство на печење во стапалата и рацете. Cè уште се смета дека е релативно рефрактерна на повеќето достапни третмани и лекови. Постои општ консензус дека строгата контрола на гликемијата може да го намали ризикот од развој на периферна невропатија, што сугерира дека превенцијата на дијабетична невропатија останува најдобрата стратегија. Сепак, идната цел во лекувањето на дијабетичната невропатија треба да биде не само спречување или одложување на болните невропатски симптоми, туку и целосно ублажување на болката и евентуално промовирање регенерација на дегенерираните нервни влакна по почетокот на патологијата. Меѓу новите супстанции кои се многу ефикасни против невропатска болка, канабиноидите се ветувачки аналгетик.
Канабидиолот (CBD) е еден од главните фитоканабиноиди добиени од растението Cannabis sativa L. Испитувано е дека канабисот има пожелни ефекти врз хипергликемијата преку неговите антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Ендоканабиноидниот систем го модулира внесот на храна и енергетската хомеостаза преку активирање на канабиноидните рецептори. Модулацијата на овие рецептори со CBD има можност да ја намали телесната тежина и A1C кај луѓето со дијабетес.
CBD обезбедува витални медицински и терапевтски придобивки без да предизвика психоактивни ефекти (за разлика од THC), тој е нетоксичен, моќен додаток во исхраната и кога се користи правилно може да биде одличен додаток покрај стандардната терапија при широк спектар на акутни и хронични проблеми со здравјето во кои спаѓа и diabetes mellitus.