БРУСНИЦА – СОЈУЗНИК ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ

БРУСНИЦА – СОЈУЗНИК ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ
Брусницата (Vacciunium macrocarpon) претставува скапоцено и вкусно овошје, по потекло  од Северна Америка, а успешно се одгледува и расте и на нашите простори, каде е сè почеста на пазарите и на полиците на продавниците. Во последно време, сèповеќе се истакнува нејзината лековита моќ, поради што зазема значајно место во превенција и лекување на многу заболувања.

Лековити компоненти
Плодот има горко кисел вкус и топчеста црвена боја, расте грмушесто со висина од околу 25 см. Освен плодот, се употребуваат и лисјата кои, исто така, имаат лековити својства. Брусницата е одличен извор на флавоноиди, флавоноли и проантоцијаниди. Покрај тоа, содржи високо ниво на витамин Ц, провитамин А (како бета-каротин), витамини од групата Б, калциум, магнезиум, фосфор, калиум и растителни влакна.

Лековити својства
Благодарение на многубројните корисни материи кои ги содржи, го штити организмот од разни болести и, поради тоа, ова растение е во центарот на вниманието на многу експерти од областа на храната и здравјето.

Свежата брусница, сокот од брисница, замрзнатата или сушената брузница е природен антибиотик и антиоксидант, кој ги уништува штетните бактерии во организмот.
Експертите утврдиле дека брусницата е корисна, пред сè, во третман на уринарните инфекции, претставува добар лаксатив, а има и поволно влијание врз работата на простатата. Делотворна е при отежнато мокрење, поради што се препорачува кај мажи со зголемена простата. Брусницата е богата со простагландини кои се погубни за бактеријата Ешерихија коли, поради што е ефикасна во третман на инфекции предизвикани од овој причинител. Исто така, дејствува и на уништување на Хеликобактер (бактеријата), која е причинител на чир на желудникот. Најновите истражувања покажуваат дека е делотворна во превенција на појава на чир на желудник предизвикан токму од Хеликобактер пилори. Во 80% од случаите чирот на желудникот се појавува токму како последица од дејството на Х. пилори на слузокожата на желудникот. Процијанидите, кои се присутни во составот на брусницата, го спречуваат врзувањето на бактеријата за желудочниот ѕид и, на тој начин, превенираат од оштетувања.

На сличен начин, материите кои ги содржи брусницата позитивно влијаат на усната шуплина и дејствуваат против наслагите на забите.
Бројни истражувања за брусницата покажуваат дека материите наречени полифеноли и исопреноиди значително помагаат во намалување на ризиокот од карцином, особено се ефективни протов рак на дојката и матката. Исто така, го намалуваат ризикот од појава на карцином, како што е рак на градите и на дебелото црево.
Благодарение на способноста да блокира одредени оксидациски процеси, брусницата го чува срцето и има поволни ефекти врз целиот кардиоваскуларен систем. Помага во превенција од артерио склероза.
Помага и при контрола на шеќерот во крвта поради содржината на манган. 1 шолја сок од брусница помага при регулирање на шеќерот во крвта кај пациенти со дијабетес 2. (пациентите со дијабетес треба да внимаваат да не внесуваат преработена брусница со дополнителни шеќери).
Во период кога настинките напаѓаат, брусницата е одличен чувар од нив, а сето тоа е поради големото количество на витамин Ц што го содржи, кој помага во заштита на имунитетот и помага во спречување на настинките.

Борец против вишок килограми
Брусницата е борец против килограмите: 1 шолја брусница содржи околу 16% од препорачаната дневна доза на природни влакна, или околу 4 грама. Тоа помага да го победиме апетитот, а го спречува и прејадувањето. Додека поради природните влакна овозможува движење на храната низ дигестивниот систем, што, исто така, ја намалува и подуеноста.

Внимавајте на изборот
Во комерцијални цели се произведува сок кој најчесто содржи шеќер. Сепак, ваквиот сок нема позитивно дејство токму заради додадената содржина на шеќер.
Некои од драгоцените хранливи состојки се задржуваат и при преработката во џемови, сокови, пити и слатки, но, сепак, најпожелно е да се консумира свежа или сушена, со цел организмот да ги користи што повеќе здравите материи и да не се внесуваат додатни шеќери или конзерванси.
Од брусницата се приготвуваат и доста слатки, џемови,пекмез, пити, благи и сл.
Чист 100% сок од брусница може да се најде во продавниците за здрава храна.

Чај од брусница
Чајот од брусница најчесто се користи за лекување на органите за мокрење, се употребува при грчеви на меурот и при воспаление на бубрезите, помага и кај луѓе што патат од гихт и од реума.
Доколку не е поинаку пропишано на амбалажата, чајот се приготвува на следниот начин:
–       Една кафена лажичка или филтер ќесичка се потопува во 0,2 л жешка вода, се поклопува и се остава да отстои 5-10 минути, се процедува и се пие.

300 млсок од брусница дневно, докажано ја намалува честотата на појава на уринарни инфекции за 80%.