Иако на нашите простори се смета за зеленчук, доматот (Lycopersicon esculentum) всушност е овошје кое со потполно право заслужува да го носи атрибутот “рајско”. Многу корисна и здрава намирница, богата со разновидни нутриенти. Може да се приготвува на многу начини, па поради тоа е и неизоставен дел од исхраната.
Потекнува од Јужна и Средна Америка, коe било култивирано уште за време на владеењето на Ацтеките и Инките. Во Европа, прв пат е донесен на подрачјето на Шпанија и Португалија кон крајот на 15-тиот век.
Поради својата енергестска, хранлива и лековита вредност станал омилена салата, храна и прелив. Денес е дел од секојдневната медитеранска кујна, бидејќи одлично се комбинира со голем број приготвени јадења, како што се тестенини, ориз, сирење, јајца, месо и риба…Доматот е сезонско овошје, кое се одгледува во период од мај до октомври, но благодарение на стаклените градини може да се најде во текот на цела година.
Зошто домат?
Ниската калорична вредност во комбинација со високите вредности на анти-оксидансните материи вклучувајќи го и ликопенот го прават овој продукт едноставно перфектен .Ликопенот е моќен антиоксиданс, кој го штити човековото здравје од многу болести. Заслужен е и за раскошната црвена боја, која го прави и попривлечен. Нашето тело неможе само да создаде ликопен, па затоа е потребно да се внесува со исхраната. Иако, останатото овошје и зеленчук ја содржи оваа важна состојка, ниедно од нив неможе да се спореди со доматот.
Ризница на витамини и минерали
Доматот е нискокалоричен, богат со билни масти, јаглехидрати и витамини А, B C, D, и K, додека минерали застапни во доматот се: железо, калиум, магнезиум, калциум, натриум и фосфор. Содржи високи концентрации на лутеин, минерални соли, хлорогенска, кофеинска и ферулинска киселина како и бројни други корисни состојки. Во мали количини содржи и ретки минерали како манган, бакар, бор и кобалт.
Ликопен – чудотворна состојка на доматот
Ликопенот е одговорен за големиот интерес за проучување на доматот. Поради тоа се спроведуваат се повеќе истражувања на тема лековитоста на доматот.
Докажано е дека внес на големи дози ликопен може да спречи рак на црева, рак на грло на матка и многу други врсти на тумори. Делува против алергии, артритис, анемија, астма, срцеви болести и болести на крвни садови, егземи, истегнати мускули и лигаменти, го зајакнува имунитетот , како заштита на организмот од инфекции и настинки. Докажано е и дека е делотворен во превенција на тумор на простата, па поради тоа е пропорачливо машката популација да конзумира во поголеми количини. Продолжениот список на заболувања кај кои се препорачува доматот се: мигрената, остеоппроза, покачен холестерол во крвта, катаракта, висок крвен притисок.
Сокот од домат, го смалува ризикот за слепување на тромбоцитите и на тој начин спречува тромбоза, особено кај заболени од дијабетес тип 2. Познато е дека дијабетичарите имаат зголемен ризик од созадавање на тромб, кој во понатамошниот тек на болеста е најчест причинител за инфаркт на срце и мозок.
Најдобар пријател во борба против стареење
Благодарение на високите концентрации на ликопен и витамин Ц, доматот по мислење на стручни истражувачи претставува најдобра храна против стареењето. Овие две сосотојки се совршено складни во борба против слободните радикали, со што ликопенот ги одржува ткивата помлади и еластични, додека витаминот Ц како антиоксиданс го зајакнува имунитетот и го штити организмот од инфекции. Здружени заедно, ликопенот и витамин Ц, претставуваат вистински еликсир за убавина и младост. Ликопенот е исто така и каротеноид, па затоа добро е и да се конзумира во поголеми количини и за време на изложување на кожата на сонце
Целогодишна намирница
Иако е сезонски одгледувана билка, на нашите простори може да се најде во текот на цела година во свежа состојба а исто така и како конзервиран во разни форми. Најдобро е кога се конзервира без адитиви, шеќер и вештачки бои и обработен исклучиво по механички пат, со ладна постапка без загревање. Доколку е приготвен во комбинација со маслиново масло, се смета за вистински еликсир.
Интересно е дека е здрав и во приготвена состојба, бидејќи при приготвењето искористеноста на ликопенот расте, а не се смалува.
500ml на доматен џус на ден се доволни за да се добијат бенефитите од ликопенот. Една чаша на ден редовното конзумирање на на доматорт во исхраната има огромен потенцијал да не направи, поздрави и помлади.