За 60 минути, човекот во просек се допира за лице 23 пати
Некои помалку, некои повеќе, но сите го допираме лицето колку и да веруваме дека не е така. Студиите велат дека луѓето го допираат лицето 23 пати во рок од еден час – ова е голем проблем со оглед на пандемијата од Ковид-19.
Очите, носот и устата се главните порти за влез на кој било вирус, вклучувајќи го и Ковид-19. Од овие причини, здравствените авторитети советуваат да се воздржуваме од допири. И сега, како за инает ве чешаат очите или носот. На што се должи ова?
Некои допири се рефлексни, како кога ќе нѐ почеша или ќе нѐ здоболи нешто па сакаме да го допреме местото, бидејќи така ја намалуваме непријатната сензација. Трудете се да го контролирате овој инстинктивен одговор и наместо со прсти, почешајте се со рамото.
Допирањето на лицето за некои е навика слична како грицкање нокти, за некои тоа е начин преку кој ги контролираат емоциите како срам или страв, а има и такви кои се обидуваат да пратат невербална порака. Без глед на мотивот, треба да престанете веднаш!
Стоп совети
> Наместо „не допирај го лицето,“ обидете се со фразата „ќе внимавам да не се допирам.“ Ако погрешите, тоа нека биде причина да ги измиете рацете и да почнете одново.
> Окупирајте ги рацете на пример, вежбајте со топче или седнете врз дланките кога желбата ви е особено нагласена.
> Соберете ја косата за да не биде изговор дека бевте принудени да се допрете. Носете очила за сонце за полесно да им одолеете на очите.