Киселец

Киселец

Достигнува височина од еден метар, со длабоко развиени корени во земјата. Лисјата му се со издолжена форма, а стеблото е исправено, избраздено по целата должина и може да се јаде. Киселецот потекнува од Европа и најчесто расте по влажни ливади, пасишта и подрачја обраснати со трева. Се наоѓа и покрај потоци и шумски чистини. Се одгледува и во домашни градини. Во исхраната се користат пролетните лисја.Најдобро е да се берат кога стеблото сè уште не е целосно развиено (март-мај), а може да се берат и во есен. Лисјата имаат пријатен кисел и освежувачки вкус.

Многу народи ги берат за јадење и поради тоа киселецот е едно од најпопуларните диви зеленчукови растенија. Се употребува во подготовка на супи и салати, а од семето може да се меле брашно. Во народната медицина се користи како лек против скорбут.