Морков

Морков
Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук инзвонредно богат многу корисни и лековити состојки.

Морковот има изразено антимикробно (антибиотско) дејство. Во исхраната се користи во текот на целата година. Содржи голема палета на хранливи и лековити состојки меѓу кои како позначајни се: бета-каротин, растителни влакна, витамин Ц,витамин А, витамин Б, витамин Д, железо, калциум, каротеноиди , цинк, терични масла и др. Морковот во исхраната се користи свеж (како салата), варен или обарен (како додаток во супи, во чорби, во јадења без месо или со месо). Се користи и како зачин. Тој се користи и во зима, бидејќи лесно се чува (во фрижидер, во замрзнувач, во подрум). Многу е здрав свежиот сок од морков, било да се консумира сам или со друг сок. Сокот од морков се користи и за облоги во третманот на некои кожни болести. Морковот во себе содржи многу витамини и минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот,односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.