Што да јадете за да го вратите балансот во телото после миксот од благо, кифлички, руска салата, газирани и алкохолни пијалаци?
ПОЈАДОК
Овесот помага да се неутрализира киселоста поттикната од алкохолот и разновидната храна. Направете овесна каша со банана за да го надоместите загубениот калиум; течности за да го хидратирате телото и зелен чај за да му дадете енергија.
РУЧЕК
На телото му се неопходни електролити да ги надомести загубените течности, особено ако сте претерале со алкохол, кафиња и останати дуеретици. Супата (без разлика дали е зеленчукова или има месо) ќе ве обезбеди со натриум и ќе ве снабди со доволно течност.
УЖИНА
Варено јајце – од причина што содржи цистеин, киселина која ќе го разгради алкохолниот шеќер и етанолот. Комбинирајте ги со крекери, бидејќи нивните јаглеродни хидрати ќе го доведат во нормала нивото на шеќер во крвта.
ВЕЧЕРА
Антивоспалителните масти во лососот можат да ја забават продукцијта на простагландин, хормон кој го нагласува мамурлакот и тешкотиите од масната храна. Напијте се вода со ѓумбир ако се чувствувате подуено и ви се гади од помислата да јадете.