Што во слободно време?

Што во слободно време?


ПРОЧИТАЈТЕ

„ПАТОТ НА ЉУБОВТА“ ОД ОРИСОН СВЕТ МАРДЕН

Кога оние меѓу нас кои живеат во нехармоничност би го избрале патот на љубовта, макар и за кратко, никогаш повеќе не би биле предизвикани да се вра­ тат на стариот начин на живот. Зошто да не пробате? Со години сте измачувани од грижи, страв, омраза и лоша волја; зошто не му свртите грб на сето ова и не го изберете патот на љубовта? Поминете ги високите огради, прегрнете ги најважните нешта на светот и чекорете по патот на љубовта!

ПРЕЗЕМЕТЕ
Мобилна апликација „Headspace: Meditation and Sleep“

На страница 20, ве учиме дека преку медитација ќе ја пребродите мигрената, затоа ви ја предлагаме оваа бесплатна апликација која им се најде на многу пациенти ширум светот. Апликацијата ќе ви помогне да го регулирате сонот, да научите да погледнете во себе и ги вклучува основните алатки за медитација.

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ
Драмата „Capernaum“

Тој има само 12 години, а веќе е осуден на затворска казна во траење од 5 години. Поради тоа, момчето ги тужи своите родители за негрижа. Овој либански филм од 2018 година има една номинација за Оскар и многу награди зад себе. Тој ќе ви побуди измешани емоции и ќе ве поттикне да размислувате на кој начин ги воспитувате своите деца или внуци. 

ПРОСЛАВЕТЕ
8. Март

Им го честитаме празникот на жените порачувајќи им да излезат со пријателките, да појдат во спа-центар или, едноставно, да си наполнат када и да уживаат. Знаеме дека звучи клише, но, да ве прашаме: кога последен пат направивте нешто за себе? 8-ми е денот! 

 

 

ПОСВЕТЕТЕ
им внимание на децата

Април е месец посветен на борбата со перници. Затоа, соберете ги децата и внуците на куп и борбата може да започне!