Велосипедизмот нашироко се цени како многу ефективен и ефикасен модел за превоз идеален за кратки или умерени растојанија.Велосипедот полека но сигурно го зема приматот на средство за брз, евтин и алтернативен транспорт.Покрај ова велосипедизмот е спорт а велосипедот алатка за спортување, рекреација, дружење и за авантури.
Спорт без ограничувања
Велосипедизмотво суштина е аеробен во спорт кој може да го уживаат луѓе од најразлични возрасти. Така возрасни ограничувања скоро и да не постојат. Тој може да биде сериозен, но во исто време и забавен и евтин начин за рекреација и авантуризам. Возењето велосипед во форма на спортска активност носи многуздравствени придобивки за човековото тело. Меѓу најважните придобивки од возењето велосипед би ги издвоиле следните:
-
здрав кардиоваскуларен систем
-
зголемена мускулна сила и флексибилност
-
подобрување на подвижноста на зглобовите
-
намалување на стресот
-
подобрување на држењето на телото и координацијата
-
зајакнување на коските
-
намалување на телесните масти
-
подобарен имунитет и помала склоност кон заболувања
-
подобрена концентрација и подобар ментален фокус
-
намалување на аксиозност и депресија
Превозно средство и пријател на околината.
Покрај ова воозењето велосипед во функција на превозно средство нуди големи општествени и и ндивидуални придобивки.Велосипедизмот нашироко се цени како многу ефективен и ефикасен модел за превоз идеален за кратки или умерени растојанија. Велосипедите обезбедуваат бројни користи во споредба со моторните возила, вклучувајќи намалена потрошувачка на фосилни горива, помало загадување на воздухоти помала бучава во градовите, помали сообраќајни гужви, полесно паркирање и полесно управување. Во предностисекаковлегуваат и намалените финансиски трошоци како за корисникот, така и за општеството во целина.
Ризици и изложеност на енормна загаденост
Една грижа којачесто се искажува (како од некои велосипедисти, така и оние кои не возат), е таа за безбедноста на велосипедистите во градскиот метеж, особено во средини со недоволно развиена вело инфраструктура. Заради ова одговорноста и почитувањето на сообраќајните правила е од голема важност за безбедно движење во па и надвор од урбаните средини. Доста актуелна е и полемиката за изложеноста на загадениот восдух. Сепак неколку истражувања покажуваат дека токму велосипедистите се помалку изложени во однос на возачите заглавени во нивните автомобили.Сепак и во овој случас се препорачува во услови на голема загаденост да се користат заштитни маски и планираните тренинзи да бидат со умерен интензитет.
Забавна страна на велосипедизмот
Покрај бројните здравствени, економски и општествени добра велосипедизмот има и своја забавна страна. Во продолжение набројуваме неколку забавни факти за велосипедите:
-
најдолгиот тандем велосипед со 35 седишта е долг повеќе од 20 метри
-
во истиот простор што го зафаќа еден автомобил може да се стават околу 15 велосипеди
-
трошокот за одржување на велосипед е 20 пати помал во споредба со трошокот за одржување на автомобил
-
доколку бројот на велосипедисти се зголеми за три пати, стапката на несреќи со мотоциклисти ќе се намали за половина
-
во светот годишно се произведуваат околу 100 милиони велосипеди
-
зборот “велосипед” бил измислен во 1860-тите
-
трката Тур де Франс прв пат била одржана во 1903та година
-
во Кина се користат повеќе од 500 милиони велосипеди
-
најбрзиот велосипедист е американецот Џон Хауард
-
во светот има двојноповеќе велосипеди отколку автомобили
-
децата кои одат со велосипед на училиште покажуваат подобри резултати во училницата.