ВЛАСЕЦ

ВЛАСЕЦ

Власецот ( лат.AlliumSchoenoprasum L.) потекнува од фамилијата Alliaceae, во која припаѓаат и лукот, кромидот, малините итн. Саморазмножувачка билка, која расте од пролет до есен,најчесто по бреговите на реките и влажни ливади. Од мај до јуни се развиваат пурпурно виолетови цветови со интензивен мирис кој е далеку препознатлив. Средновековните градинари често го користеле власецот за декорирање на градините.

Состав и употреба

Власецот е широко употребувана билка, која има благо лут вкус кој најчесто зависи од условите во која е одгледувана и тоа како е одгледувана. Има долга традиција поради својот карактеристичен вкус, но и нејзините лековити својства.

Содржи етерични масла богати со сулфур, кои се причина за лутиот вкус и специфичниот мирис. Поради едноставниот начин за одгледување, како и лековитите својства, власецот треба да е дел од секоја градина. Богат е со вредни хранливи материи и содржи многу малку калории. Добар извор е на витамините А, Б, Ц и К, додека од минералите најприсутни се калциумот, магнезиумот, фосфорот и калиумот.

Лековити својства
1. Го намалува холестеролот
Поради присуството на алицин во високи концентрации, власецот влијае врз намалување на нивоата на т.н. “лош”холестерол во крвта и на тој начин потпомага во регулирање на крвниот притисок.

Важно е да се знае дека алицинот се создава веднаш по кинењето на стеблото на власецот, а по некое време се претвара во сулфурни соединенија. Затоа, потребно е да се конзумира свеж, односно додека се чувствува луткастиот мирис.

2. Го зајакнува имунитетот
Власецот содржи витамин А, кој има улога во одржување на  здрава слузница на носот, грлото, белите дробови и дигестивниот систем, како и на други органи кои се изложени на надворешни влијанија и потенцијални патогени.

Витаминот Ц, кој е присутен во власецот, го подобрува имунитетот и има антибактериски и антивирусни својства. Оттука, власецот е одличен додаток во исхраната за луѓе кои страдаат од инфекции на респираторниот тракт.

Витамините А и Ц, учествуваат во формирањето на антитела заради што го зајакнуваат имуниот систем.

3. Спречува остеоороза и атеросклероза

Власецот содржи соединенија кои го задржуваат калциумот во коските и крвта бидејќи спречуваат екскреција на калциум преку урината, со што обезбедуваат поздрави и поцврсти коски.

Витаминот К во власецот, ја подобрува апсорпцијата на калциумот во коските и на тој начин ја намалува инциденцата на посменопаузални фрактури на коските.

Со спречување на хормонална нерамнотежа која може да доведе до деминерализација на коските, виаминот К е вклучен во зачувување на цврстината и здравјето на коските.

Со редовно конзумирање на власец, може да се спречи калцификација на крвните садови, следствено и атеросклероза.

4. Учествува во спречување на појава на тумори

Научните истражувања потврдиле дека власецот има силна антиоксидативна активност. Во споредба со останатите зеленчуци од оваа фамилија, власецот има значително поголема количина на антиоксиданси во неговиот богат состав.

Оксидативниот стрес ( нарушена рамнотежа помеѓу слободните радикали и антиоксиданси во телото) е поврзан со голем број хронични заболувања, како што се дијабетес, кардиоваскуларни болести, тумори и деменција.

Антиоксидативните состојки ја намалуваат количината на слободни радикали во организмот, со што се успорува појавувањето и ширењето на канцерогените клетки.

5. Го подобрува варењето на храната

Алил суфирдот и другите карактеристични соединенија во власецот имаат корисно дејство врз дигестивниот систем.

Власецот ги отстранува штетните бактерии, квасци и габи од дигестивниот тракт кои инаку би го отежнуваат варењето на храната.

Поради синергијата на влакната и другите природни соединенија ( ниацин, тиамин, пантотенска киселниа),  доаѓа до полесно варење на храната.  Власецот овозможува подобра апсорпција на хранливите материи во дигестивниот тракт, со што се постигнува подобро искористување на истите во организмот.

6. Го заштитува видот

Каротеноидите, зеаксантин и лутеин, кои ги содржи власецот, директно се поврзани со намалување на бројот на слободни радикали кои предизвикуваат дегенеративни заболувања на очите. Тие го успоруваат и спречуваат појавувањето на окуларен едем, макуларна дегенерација и ги чуваат очите од стареење. Високата концентрација на витамин А го подобрува здравјето на очите, го зајакнува и изострува видот.


Во кулинарство

На нашите простори, власецот најчесто се користи како зачин. Власецот потсетува на вкусот на лук и кромид. Незаменлив е за посебни пикантни јадења, салати, сосови.  Доколку купувате,запомнете дека власецот во кулинарството се користи свеж! Доколу сакате да го користите наредниот ден,најдобро е да го завиткате во влажна крпа и така завиткан да го чувате во фрижидер. При употребата потребно е да го исечкате на ситни парчиња и како таков да се додаде во разни зеленчукови супи, омлет, сосови, јогурт и разни готвени јадења. Одлично се комбинира со свежо сирење и салата.