Здравјето има зелена боја!

Здравјето има зелена боја!

Од листови, во нашата кујна доминираат оние од зелка, марула и спанаќ – ако сте расположени да ја проширите листата и во поглед на вкусови и во поглед на нутритивни придобивки, тогаш сте на вистинското место.

Сарепска горчица 
Готвењето на пареа е најсоодветен начин за подготовка на овој зелен сестрински зеленчук на кељот, бидејќи на тој начин значително ќе го зголемите присутниот витамин А. Преливот од цеден лимон нека ви послужи за да го намалите горчливиот вкус.

Листови од ротквичка
Бидејќи во свеж облик пецкаат на јазик, третирајте ги како да се билка и користете ги како зачин во сосови и супи. Употребете ги што побрзо, бидејќи одма венеат.

 Листови од глуварче
Изненадени сте? Да, листовите на глуварчето се јадат, но ако се набрани од чиста средина. Во една шолја вакви листови има 3 пати повеќе калциум за разлика од исто толкава количина спанаќ, плус тони витамин К. Повелете лек за здрави и цврсти коски.

 

 

 

 

 

 

Валеријана – Овие зелени ливчиња најчесто се комбинираат со други зелени млади ливчиња како рукола, спанаќ и марула, во оние готови кеси салата достапни во маркетите. Кога би додале уште некоја рака свежи валеријана ливчиња во салатата, тогаш сметајте дека сте ја задоволиле дневната доза витамин Ц.

 

 

 

 

Млад кромид  – Она што сакаме да ве научиме е да не ги фрлате зелените перца, бидејќи само едно содржи повеќе фолати во однос на една шолја кељ. Употребете ги за во салата или пропржете ги и додадете ги во омлет.


Поточарка – Нека не ве залажуваат малите ливчиња, тие имаат остар вкус кој одлично оди во комбинација со пилешко во салата или сендвич. Поточарката содржи поголема количина железо од спанаќот, повеќе калциум од млекото и повеќе витамин Ц од лимонот.

 

Блитва  – Слична на спанаќот, блитвата има посилен, а за многумина и подобар вкус. Таа е одличен извор на витамините К, А и Ц и на минералите магнезиум, железо, калиум. Но, на листата нутритивни вредности, котира послабо од спанаќот.

 

Кељ  – Покрај витамините како А, К и Ц, она што го прави кељот задолжителен на трпезата, се моќните антиоксиданси и антиканцерогени материи. Му предничи на спанаќот со тоа што содржи помалку оксалати, а тоа го прави подобар избор за лицата со бубрежни заболувања.

Совет +
Кога купувате моркови, ротквички и цвекло, бирајте ги оние со листовите на нив – тие веќе се задолжителни на менито.