Добредојдовте во Аптеки PlusPharma

здравјето заслужува повеќе

Бренд на индивидуални аптеки со кои е воспоставен чесен партнерски однос со висока почит. Тим кој нуди несебична грижа за пациентите преку стручни фармацевтски совети и едуцирање пред и по набавките со цел да се подобрат и продолжат животите на луѓето. Грижа, помош, совети за превенција и употреба на фармацевтски производи за подобро здравје и живот.
PlusPharma Вредности:

Се грижиме и им помагаме на луѓето на пат кон подобро здравје и поквалитетен живот.

Се обврзуваме на чесност и доверливост, слушаме со почит, емпатија и целосно разбирање со цел да пружиме врвна грижа и да дадеме правилен совет.

Се стремиме кон извонредност во сé што правиме и постојано сме во потрага по нови иновативни начини за подобруваме на нашата работа.

Посветени да бидеме најдобри во она што го правиме за да постигнеме најдобар можен исход и подобро здравје.

Посветено работиме според највисоки стандарди со цел остварување на разумни и остварливи цели. Ние ја преземаме целата одговорност за процесот и исходот од нашата работа.

Работиме чесно и правично според највисоките етички стандарди за да ја зацврстиме професионалноста и довербата.

Ние се обединивме со заедничка цел да ја охрабруваме и подобриме комуникацијата, координацијата и тимската работа со цел да понудиме повисоко ниво на услуга.

Промовираме култура на инклузивност, се радуваме на различноста и се однесуваме со сите луѓе подеднакво. Чесно, пристојно и праведно. Го вреднуваме придонесот на секоја индивидуа и поттикнуваме отворена и ефикасна комуникација.

Посветени сме на највисоко ниво на иновативност во работата, фармацевтска грижа и константно подобрување. Заложба за подобро здравје и квалитетен живот.

Се грижиме за животната средина, придонесуваме кон благосостојбата на поединецот и заедницата. Поттикнуваме, едуцираме, советуваме и се залагаме за здрав начин на живот и здрави навики.

PlusPharma придобивки

Аптеки PlusPharma

здравјето заслужува повеќе

повеќе од

0
повеќе од
искусни фармацевти

повеќе од

0
повеќе од
задоволни пациенти

Услуги и производи

Лично внимание
Правилно советување за употребата на избраниот лек.
Погодност при купувањето.
Грижа за Вас и Вашето семејство.
Помош за решавање на Вашите уникатни здравствени потреби.

Производи од реномирани пpоизводители.
Лекови (комерцијални и фондовски)
ОТЦ производи
Додатоци во исхраната
Козметика
Производи за нега и хигиена
Медицинска опрема и помагала
Бебе програма
Галенски производи

Доверлив совет.
Помош и насоки за квалитетна здравствена заштита.
Совет за ефикасна и економична употреба.

Контактирајте со најблиската PlusPharma аптека за да добиете совет, внимание и врвна грижа. За повеќе информации, видете ја мапата и листата на аптеки PlusPharma.