PlusPharma Скопски Маратон 2019

Скопје, 04  мај 2019 –  Тимот на PlusPharma Аптеки, трета година по ред го поддржа и учествуваше на Скопскиот Маратон. И оваа година преку личен пример ја докажа заложбата за здрави спортски навики и култура на живеење кои влијаат на здравјето на секој поединец во општеството. 55 учесници од тимот на PlusPharma Аптеки се натпреваруваа на трката на 5 километри и на полумаратонот со должина од 21 километар, додека останатите членови ги бодреа натпреварувачите на улиците на Скопје.

Овогодинешното издание, беше најмасовно досега со учество од над 12.000 натпреварувачи. 15-то издание на Скопски Маратон 2019, PlusPharma го поддржа и со опрема за волонтерите кои се најзначајна алка во организацијата на маратонот. Долж патеката на 40 кимометри беа распоредени стотици волонтери во зелени PlusPharma маички кои ги бодреа маратонците и им подаваа вода и храна. Брендот со оваа поддршка ги потврди вредностите за кои се залага: грижа, доверба и лично внимание.

Оваа година на маратонската трка вредно за одбележување е новиот Македонски Рекорд за жени кој го постави Адријана Поп Арсова. Таа го подобри својот резултат од минатата година и патеката од 42 километри ја заврши за 2:52:52 и го освои седмото место.

Брендот на индивидуалните независни аптеки – PlusPharma во центарот на вниманието од својата спонзорска стратегија го става индивидуалниот спорт и дава поддршка на спортски настани од овој тип, придонесувајќи за здрави животни навики, позитивна енергија и развојот на спортот во Македонија.

Резултати 2019:

Генерален пласман

Маратон жени
1. Eunice Nyawira MUCHIRI      (KEN)  02:33:38
2. Euliter Jepchirchir TANUI     (KEN)  02:35:32
3. Naomi Kakoko LIMAMUREI   (KEN)  02:38:32

Маратон мажи
1. Chalachew Asmamaw.        (ETH)  02:15:37
2. John LANGAT                      (KEN) 02:16:54
3. Getaye Fisseha                   (ETH) 02:19:32

Полумаратон  жени
1.Zita KACSER.                      (HUN)  01:22:53
2. Miljana RISTIC               (MKD) 01:27:09
3. Emilia TODOROVSKA         (SWE) 01:27:25

Полумаратон  мажи
1. Dario IVANOVSKI                  (MKD) 01:12:31
2. Kristijan STOSIC                   (SRB)  01:12:56
3. Milos RANCIC                       (MKD)  01:13:19