Скопје, 01 април 2018 – Тимот на PlusPharma аптеки, учествуваше и успешно ја заврши женската трката 2018. Преку личен пример, ја докажа заложбата за здрави спортски навики кои придонесуваат и директно влијаат на здравјето на секој поединец во општеството. Повеќе од 30 учеснички дел од тимот на PlusPharma Аптеки се натпреваруваа на трката од 2 километри, додека останатите членови ги бодреа долж булеварот Илинден.
Шестото издание на „женска трка“, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија за прв пат како улична трка обедини над 1.700 учеснички од различни возрасти. Тимот на PlusPharma беше еден од најбројните на трката, така што често можеа да се забележат боите на PlusPharma зелена и сина.
Брендот на индивидуалните независни аптеки – PlusPharma во центарот на вниманието од својата спонзорска стратегија го става индивидуалниот спорт и дава поддршка на спортски настани од овој тип, придонесувајќи за здрави животни навики и за развојот на спортот во Македонија.
Наградите беа доделени на првите три места во седум одделни категории според возраста на учесничките. Најдобро пласирани учеснички, со најдобар резултат, по истрчани два клиометри беа:
1. Милјана Ристиќ | 7:20
2. Марго Бојаџиева | 7:27
3. Рената Соколовска | 7:33