Крводарителна акција

Скопје, 26 јули 2017 – Под мотото “ЗА СКОПЈЕ СО ЉУБОВ – ДАРУВАЈ КРВ БИДИ ХУМАН” PlusPharma, во соработка со Црвениот крст на град Скопје, придонесе кон поголема масовност на традиционалната крводарителна акција, а со тоа и кон здрвјето и благосостојбата на поединецот и заедницата. Интересот на дарителите беше голем за оваа хумана активност со цел да се спасат што е можно повеќе човечки животи. Со акцијата се задоволиваат потребите од крв и крвни продукти во летниот период кога се зголемени потребите на клиниките.

Крводарителната акција се одржува во знак на одбележувањето на 26-ти јули, ден кога се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Граѓаните секоја година на 26 јули ја покажуваат својата хуманост и солидарноста кон своите сограѓани.

Оваа крводарителна акција првпат е организирана во 1963 година за потребите на настраданите од земјотресот во Скопје. На овој ден доаѓаат и дарителите кои се емотивно поврзани со датумот и даруваат крв, за да оддадат почит кон повредените и настраданите во земјотресот.