Кугларскиот турнир 8ми Септември

Скопје, 09 септември 2017 – Во организација на кугларскиот клуб Вардар, а поддржано од фармацевтскиот бренд PlusPharma изминатиов викенд се одржа првиот “Интернациолален Кугларски турнир – 8ми Септември” во спортскиот центар Борис Трајковски.

Љубителите на куглањето уживаа во натпреварувањето проследено со многу пресврти, на кое свое учество земаа најдобрите спортисти од регионот. Првиот Интернационален кугларски турнир во организација на К.К Вардар понуди многу возбудливи моменти кој беа проследени со воодушевувања од страна на публиката. По цели шест часа на крајот со 3656 поени екипно Кугларскиот клуб Белград го зазема првото место, а Барањ Чонгор беше  најдобар поединец на турнирот со освоени 642 поени.

Фармацевтскиот бренд PlusPharma со ова спонзорство ја докажува својата заложба за здрави спортски навики кои придонесуваат и директно влијаат на здравјето на секој поединец. Врвната грижа за здравјето на своите клиенти и промовирањето на здравите навики се приоритет за PlusPharma Аптеки.