PlusPharma Интернационален Кугларски Турнир – 8ми септември

Скопје 08.09.2018 – Во организација на кугларскиот клуб Вардар, а поддржано од PlusPharma Аптеки изминатиов викенд се одржа вториот PlusPharma – Интернациолален Кугларски турнир – 8ми Септември во спортскиот центар Борис Трајковски.

Љубителите на куглањето уживаа во натпреварувањето, на кое свое учество земаа најдобрите спортисти од регионот. Вториот интернационален кугларски турнир во организација на К.К Вардар понуди многу возбудливи моменти кој беа проследени со воодушевувања од страна на публиката. По цели седум часа на крајот со 3607 поени екипно кугларскиот клуб Београд” од Србија го зазема првото место, а Бојан Влаќевски oд кугларскиот клуб „ВАРДАР” беше  најдобар поединец на турнирот со освоени 645 поени.

Фармацевтскиот бренд PlusPharma со ова спонзорство ја докажува својата заложба за здрави спортски навики кои придонесуваат и директно влијаат на здравјето на секој поединец.