ДЕМЕНЦИЈА – Што сакав да кажам…

ДЕМЕНЦИЈА – Што сакав да кажам…
Стареењето е нормален биолошки процес во коj телото доживува промени.Од овие промени не се исклучени ни мозочните структуриифункции. Лесната заборавеност,губењето меморија или времето за реакција се сосема нормални промени во староста. Ваквата заборавеност кај повозрасните луѓе се нарекува бенигна старечка заборавеност и не е знак за деменција.
Што е деменција?

Деменцијатапретставува постепено неповратно губење на менталните способности, губење на меморијата, промениво однесувањето,а на крајот доаѓа и до губење на социјалните способности. Најчесто се појавува кај повозрасните луѓе (над 60 години), но несе исклучува можноста дасе појави и кај помладата популација.
Деменцијата неедел од нормалниот процес на стареење. Таа е означена како медицински проблем којсе развива многу бавно, понекогаш исо години. На почетокот есосематешко да се препознае, а со тек на време состојбата се влошува и може да има и драматично влијание на целото семејство. Кај личноста се бришат сеќавањата, имињата на луѓето, па дурии  нивните лица. Губењето на помнењето,на некој начин, претставува игубење на личниот идентитет.

Деменцијата во почетокот најчесто се манифестира како проблем со помнењето, но со тек навреме,манифестацијата може да бида изразена и како:

–  тешкотии во совладување на секојдневните обврски
–  тешкотии во остварување комуникација со други лица
–  промени во расположението, расудувањето и карактерот на личноста

Кои се причините за деменција?

Постојат повеќе причини и состојби кои водат до појава на првите знаци на деменција, односно до состојби кои ги нарушуваат когнитивните функции.
Како најчести причини може да се споменат:
–  Алцхајмеровата болест
–  недостаток на кислород во мозокот поради мозочен удар, артериосклероза, срцев удар
–  повреди на главата
–  нарушувања на имунитетот

Симптоми

Лицата со ова нарушување, обично, имаат скриено нарушувањена краткотрајната меморија, кое со тек на месеци и години станува асоцирано со губење на другите интелектуални функции, промена во личноста и нарушувања во дневните лични навики.

Суптилни краткорочни промени на меморијата

Проблемитесо меморијата може да бидат лесен симптом за препознавање на деменцијата. Често се работи за суптилни проблеми со краткотрајна меморија, како што е заборавањелокации на предмети илизаборавања од видот– што требаше да направам или да земам.
Лицето коешто страда од деменција може да се сети на нешта што се случиле во минатото пред неколку години,ноне може да се сети на настани што се случиле во текот на денот.

Промена во расположението
Ова може да биде тешко за пациентот да го препознае кај себе, но може да се открие од луѓето околу него. Типичен пример за промени во расположението кај лицетозаболеноод деменција еманифестација на состојбана срамежливост, па сèдо состојба на екстровертност.

Тешкотија во пронаоѓање на вистинските зборови
Личноста со деменција може да иматешкотии да најде соодветни зборови за изразување. Водењето разговор со негоможе да биде тешко и може да трае долго,  пред да ја разбереме целта на разговорот.

Тешкотии во извршување на секојдневните обврски
Поголеми тешкотии во извршувањето на секојдневнитезадачи може да биде индикатор дека некој има рана фаза на деменција. Ова,вообичаено,започнува со тешкотии за извршување на покомплексни задачи. Освен борбата да ги извршипознатите дневни задачи, негомуе тешко да научинови нешта или да слединови рутини.

Апатија и исцрпеност се појавуваат како симптоми во раната деменција
Лицето со овие симптоми може да изгуби интерес за хоби и за активности што може да значат, емоционално губење интерес за поминување време со пријателите и со семејството.


Губење чувство за просторна ориентираност
Губењето на чувството за насока и ориентација во просторот,обично,е симптом што ја влошува здравствената состојба на лицетосо деменција. Ова значи дека се случува да не препознава семејни знаменитости и заборава кои насоки редовно ги користи, а може да стане уште потешко да следисерија насоки и инструкции чекор по чекор.

Повторување
Губењетона меморијата и општата промена во однесувањето што доаѓа со деменцијата, може да доведе до страдање од повторување на дневните задачи, или повторување на истите прашања во разговорите, откако биле одговорени од другото лице. Тоа,исто така,може да се види и од опсесивното собирање предмети.

Адаптација
Тешкотиите во адаптација на промените е типичен симптом на рана деменција. Немањето капацитет да запаметилуѓе кои веќе ги знаеили да следишто другите зборуваат,може да предизвика страв од промена. Поради ова,има потреба од рутина и се плашида доживеенови искуства.

Со правилна исхрана до заштита од деменција?

Кога јадете,„вклучете“го мозокот. Храната која ја внесуватему помогаили му одмагана организмот да ги извршува своите функции на оптимално ниво. Мозокот имаспецифични барања кога е во прашање исхраната. Хранатакоја е добра за мозокот е истата онаа која го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, го поттикнува дотокот на крв до мозокот, и храна во која не се застапени заситени масти и холестерол. На мозокот му е потребна вистинска рамнотежа од хранливи состојки, вклучувајќи протеини,масти и јаглехидрати. Храната за мозокот е најефикасна во комбинација со физичката и менталнатаактивност,одржувањетосоцијални врски и дружењето.

Совети за превенција
Намалете го внесувањетохрана која е богата со заситени масти и холестерол. Тие ги затнуваат артериите,што доведува до зголемен ризик од деменција.Лицата кои имаат висок притисок и висок холестерол имаат шестпати поголем ризик од деменција.
Одржувајте ја вашата телесна тежина за здрав мозок. Ситекои се со прекумерна телесна тежина,се со двапати поголем ризик. Целосно избегнувајте ја „брзата храна“.
Бидете ментално и социјално активни, вежбајте и внимавајте на телесната тежина.Брзата храна ги забавува менталните функции

Храна која го штити мозокот

Консумирајте моно и полинезаситени масни киселини како што се,на пример,тие од маслиново масло. Наместо да јадете пржена храна, најдобро јадете свежа, варена или печена. Зголемете го внесувањето храна која го штити вашето тело. Од зеленчук,често консумирајте кељ, спанаќ, брокула, прокељ, цвекло, кромид, модар патлиџан,бидејќи имаат високо ниво на антиоксиданти.Кај овошјето,се препорачува внесувањесуви сливи, боровинки, капини, малини, портокали,црно грозје и вишни.Задолжителново исхраната користете риба поради високата содржина на омега3 масни киселини. Вклучете и јаткасти плодови,особено бадеми и ореви,кои се одличен извор на Е-витамин – добро познат антиоксидант.

Прекумерната консумација на алкохол и употребата на опојни дроги може да доведе до забрзано изумирање на мозочните клетки, а со тоа и до појава на симптоми на деменција!