КАПУЕРА – ПРИКАЗНА ЗА СЛОБОДА И ТРИУМФ

КАПУЕРА – ПРИКАЗНА ЗА СЛОБОДА И ТРИУМФ
Капуера–уникатна африканско-бразилска,боречко-танцова вештина.Корените доаѓаат од богатата култура на Бразил, поточно од заробените Африканци кои живееле на тоа подрачје и го користеле танцот за да ги прикријат тренинзите на боречки вештини.

Почетоци
Почетоците на капуерата се околу 16.век, во ерата на трговијатасо робови. Во тој период,голем број племиња од Западна и Централна Африка се споиле во таканаречените senzalas (робовски квартови) и quilombos (нации на избегани робови). Од оваа мешавина од африканска култура дошло до спој на традициите, ритуалите, храната, танцот, јазикот и религијата. На тој начин,се развила капуерата, која години подоцна ќе прерасне во уметност на ослободувањето.
Предводникот на ова „движење“бил Мануел дос Реис Макадо (таканаречен Местре Бимба) кој во свое време започнал со поинтензивни капуера тренинзи, за подоцна во 1937 година тогашниот претседател на Бразил,Гетулио Варгас, даја признаекапуерата како национален спорт.

Што е капуера?
Капуерата е,всушност, флуиден спој на грациозни,  акробатски и воени движења, споени заедно во еден уникатен борбен танц. Стратешкиот физички дијалог се случува во таканаречената Рода, круг од двајца капуеристи кои ги изведуваат специфичните движења. Движењата се прават со бавно и одмерено темпо, истовремено изразувајќи ја силата и моќта на тој танц. Овие игри се сложена размена на циркуларни и праволиниски удари, избегнување на противничките удари, свртувања и гимнастички движења. Уметноста на капуерата е во комбинацијата на кружни движења, остри удари и акробации придружени со смирувачка музика. Капуерата предизвикува баланс на телото, а војничките движења се идеални за острина на телото и умот, како и за рефлексите и тактиките на самоодбрана.

Зошто капуера?
Практикувањетокапуера во форма на редовни тренинзи придонесува за следните здравствени придобивки:

Сила – вежбањето капуера бара многу движења со горниот дел од телото,како на пример движење на рацете и дланките кои се неопходни во позите како стој на раце и свртување. Овие движења бараат интензивна активност на мускулите на торзото и на рацете.

Флексибилност – моќните тренинзи се добри за флексибилноста на телото, скоро исто како и јогата. Не мора да сте експерти за капуера, сепак можете да почувствувате како вашето тело се здобива со поголема флексибилност.

 

–  Издржливост – за разлика од многу други спортови, капуерата ги вклучува мускулните групи на уникатен начин. Сите рутини бараат многу енергија и координација со групата капуеристи. Сите тие фактори, вклучувајќи ги и повторувачките движења, ја прават капуерата еден интензивен кардио-тренинг. Со тоа,се зголемува мускулната и васкуларната издржливост на телото.

–  Координација – капуерата е единствена на начин што сите движења се проследени со танцови движења. Сите движења се добро искоординирани и со тоа се добива еден грациозен капуера танц со што телото се збогатува со подобра координација и чувствоза ритам.

–  Брзина – главната „состојка“на капуерата е да се прават флуидни движења за многу кратко време. Поради тоа што капуерата е воено-уметничка техника, таапредизвикува телото да биде поагилно и да има поостри движења.

–  Баланс – капуерата го учи телото да прави инстантна контрола и комплексни движења, а за тоа е потребен одличен баланс.

–  Намалување на стресот– додека се изведуваат флуидните движења со заднинска смирувачка музика, телото и умот се релаксираат симултано. По секој тренинг,се чувствува напливот на ендорфин во телото.

Капуерата е грациозна и предизвикувачка, живото-охрабрувачка алатка за сите оние кои сакаат да инвестираат во сопственото физичко и ментално здравје.