Добредојдовте во PlusPharma Аптеки
здравјето заслужува повеќе
Бренд на индивидуални аптеки со кои е воспоставен чесен партнерски однос со висока почит. Тим кој нуди несебична грижа за пациентите преку стручни фармацевтски совети и едуцирање пред и по набавките со цел да се подобрат и продолжат животите на луѓето. Грижа, помош, совети за превенција и употреба на фармацевтски производи за подобро здравје и живот.
PlusPharma Вредности:
Се грижиме и им помагаме на луѓето на пат кон подобро здравје и поквалитетен живот.
Се обврзуваме на чесност и доверливост, слушаме со почит, емпатија и целосно разбирање со цел да пружиме врвна грижа и да дадеме правилен совет.
Се стремиме кон извонредност во сé што правиме и постојано сме во потрага по нови иновативни начини за подобруваме на нашата работа.
Посветени да бидеме најдобри во она што го правиме за да постигнеме најдобар можен исход и подобро здравје.
Посветено работиме според највисоки стандарди со цел остварување на разумни и остварливи цели. Ние ја преземаме целата одговорност за процесот и исходот од нашата работа.
Работиме чесно и правично според највисоките етички стандарди за да ја зацврстиме професионалноста и довербата.
Ние се обединивме со заедничка цел да ја охрабруваме и подобриме комуникацијата, координацијата и тимската работа со цел да понудиме повисоко ниво на услуга.
Промовираме култура на инклузивност, се радуваме на различноста и се однесуваме со сите луѓе подеднакво. Чесно, пристојно и праведно. Го вреднуваме придонесот на секоја индивидуа и поттикнуваме отворена и ефикасна комуникација.
Посветени сме на највисоко ниво на иновативност во работата, фармацевтска грижа и константно подобрување. Заложба за подобро здравје и квалитетен живот.
Се грижиме за животната средина, придонесуваме кон благосостојбата на поединецот и заедницата. Поттикнуваме, едуцираме, советуваме и се залагаме за здрав начин на живот и здрави навики.
PlusPharma Аптеки
здравјето заслужува повеќе
повеќе од

повеќе од

Новости

Скопје, 04 мај 2019 – Тимот на PlusPharma Аптеки, трета година по ред го поддржа и учествуваше на Скопскиот Маратон. И оваа година преку личен пример ја докажа заложбата за здрави спортски навики и култура на живеење кои влијаат на здравјето на секој поединец во општеството. 55 учесници од тимот на PlusPharma Аптеки се натпреваруваа на трката на 5 километри…

Тимот на PlusPharma аптеки, учествуваше и успешно ја заврши женската трка 2019.

Во организација на кугларскиот клуб Вардар, а поддржано од PlusPharma Аптеки изминатиов викенд се одржа вториот PlusPharma – Интернациолален Кугларски турнир – 8ми Септември