Скопје, 31 март 2019 – Тимот на PlusPharma аптеки, учествуваше и успешно ја заврши женската трка 2019. Преку личен пример, ја докажа заложбата за здрави спортски навики кои придонесуваат и директно влијаат на здравјето на секој поединец во општеството. Повеќе од 20 учеснички дел од тимот на PlusPharma Аптеки се натпреваруваа на трката од 3 километри.
Седмото издание на „женска трка“, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија за прв пат како улична трка обедини над 2,000 учеснички од различни возрасти. Тимот на PlusPharma беше еден од најбројните на трката, така што често можеа да се забележат боите на PlusPharma зелена и сина.
Брендот на индивидуалните независни аптеки – PlusPharma во центарот на вниманието од својата спонзорска стратегија го става индивидуалниот спорт и дава поддршка на спортски настани од овој тип, придонесувајќи за здрави животни навики и за развојот на спортот во Македонија
.