Состав: Селен 195mcg, Витамин А (ретинилпалмитат) 801mcg, Витамин B6 (пиридоксин хидрохлорид) 2,09 mg, Витамин C (аскорбинска киселина) 91,08 mg, Витамин Е (D-алфа токоферолацетат) 10,07 mg, Цинк (од 123mg цинк глуконат) 15,13 mg.
Фармацевтска форма: таблети
1. Што претставува Omnikum Цинк + Селен и за што се употребува
Селенот и цинкот се важни минерали кои го зајакнуваат здравјето на целиот организам.
Селенот е моќен антиоксиданс кој:
-
Ги штити клетките и ткивата од штетните ефекти на слободните радикали кои го забавуваат стареењето, влијае на плодноста кај мажите стимулирајќи сперматогенеза и е од суштинско значење за здравјето на простатата
-
Има имуностимулативно дејство, што е исклучително важно за зајакнување на имуниот систем
-
Учествува во производството на активни тироидни хормони, што е потребно за негово правилно функционирање
-
Неопходен е за правилен раст на косата и ноктите
-
Ја стимулира детоксикацијата на организмот со забрзување на елиминацијата на тешките метали
Во исто време, цинк придонесува за:
-
Заштита на клетките од ефектите на слободните радикали (антиоксидантно дејство)
-
Нормална функција на имунолошкиот систем (имуностимулаторно дејство)
-
Метаболизам на витамин А и одржување на нормален вид
-
Одржување на нормално ниво на тестостерон во крвта и во нормална плодност и репродукција
-
Процес на заздравување на раните, нормален раст, клеточна поделба и зачувување на нормалната киселинско-базна рамнотежа
-
Нормална синтеза на протеини и нуклеински киселини и игра важна улога во метаболизмот на јаглехидрати и масни киселини
Селенот и цинкот се едни од најмоќните антиоксиданти кои придонесуваат во одржување на здрав организам.
2. Што мора да знаете, пред да го земете/употребите Omnikum Цинк + Селен
Omnikum Цинк + Селен не се употребува за превенција или третман на болест.
3. Како да го земате/употребувате Omnikum Цинк + Селен
Се препорачува употреба на 1 таблета на ден за време на оброк. Да не се надминува препорачаната дневна доза.
4. Можни несакани дејства (реакции) на Omnikum Цинк + Селен
За производот нема познати несакани дејства
5. Чување и рок на употреба на Omnikum Цинк + Селен
Производот да се чува неотворен во пакувањето на температура до 25 C на суво, заштитен од светлина.
6. Дополнителни информации
Нето количина: 45 таблети
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на граничниот производ консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.