Omnikum Цинк + Селен

Состав: Селен 195mcg, Витамин А (ретинилпалмитат) 801mcg, Витамин B6 (пиридоксин хидрохлорид) 2,09 mg, Витамин C (аскорбинска киселина) 91,08 mg, Витамин Е (D-алфа токоферолацетат) 10,07 mg, Цинк (од 123mg цинк глуконат) 15,13 mg.

Фармацевтска форма: таблети

1. Што претставува Omnikum Цинк + Селен и за што се употребува

Селенот и цинкот се важни минерали кои го зајакнуваат здравјето на целиот организам.

Селенот е моќен антиоксиданс кој:
  • Ги штити клетките и ткивата од штетните ефекти на слободните радикали кои го забавуваат стареењето,    влијае на плодноста кај мажите стимулирајќи сперматогенеза и е од суштинско значење за здравјето на простатата
  •  Има имуностимулативно дејство, што е исклучително важно за зајакнување на имуниот систем
  • Учествува во производството на активни тироидни хормони, што е потребно за негово правилно функционирање
  • Неопходен е за правилен раст на косата и ноктите
  • Ја стимулира детоксикацијата на организмот со забрзување на елиминацијата на тешките метали
Во исто време, цинк придонесува за:
  • Заштита на клетките од ефектите на слободните радикали (антиоксидантно дејство)
  •  Нормална функција на имунолошкиот систем (имуностимулаторно дејство)
  •  Метаболизам на витамин А и одржување на нормален вид
  •  Одржување на нормално ниво на тестостерон во крвта и во нормална плодност и репродукција
  • Процес на заздравување на раните, нормален раст, клеточна поделба и зачувување на нормалната киселинско-базна рамнотежа
  • Нормална синтеза на протеини и нуклеински киселини и игра важна улога во метаболизмот на јаглехидрати и масни киселини
Селенот и цинкот се едни од најмоќните антиоксиданти кои придонесуваат во одржување на здрав организам.

2. Што мора да знаете, пред да го земете/употребите Omnikum Цинк + Селен

Omnikum Цинк + Селен не се употребува за превенција или третман на болест.

3. Како да го земате/употребувате Omnikum Цинк + Селен

Се препорачува употреба на 1 таблета на ден за време на оброк. Да не се надминува препорачаната дневна доза.

4. Можни несакани дејства (реакции) на Omnikum Цинк + Селен

За производот нема познати несакани дејства

5. Чување и рок на употреба на Omnikum Цинк + Селен

Производот да се чува неотворен во пакувањето на температура до 25 C на суво, заштитен од светлина.

6. Дополнителни информации

Нето количина: 45 таблети

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на граничниот производ консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.