Omnikum Magnesium 400

Состав: Магнезиум 400mg ( Магнезиум оксид 630mg, Магнезиум цитрат 64,5mg, аминокиселина како врзувачки хелат 50mg), L-Триптофан 25mg, Витамин B6 1,4mg.

Фармацевтска форма: капсули

Една капсула ослободува 400mg чист Магнезиум, кои се на располагање за апсорпција.

Што е Omnikum Magnesium и за што се употребува?

Магнезиум е важен минерал за Вашата општа здравствена состојба.

– Магнезиум е минерал кој има улога во процесот на делба на клетката. Придонесува за нормална психолошка функција, одржување на нормални коски и заби, рамнотежа на електрoлити, нормална синтеза на протеини, намалување на уморот и исцрпеноста, нормален енергетски метаболизам, нормална функција на мускулите и нормално функционирање на нервниот систем.

Адекватниот внес на магнезиум поволно делува на физичките перформанси на организмот.

Организмот не може сам да произведе магнезиум, па е неопходен адекватен дневен внес со исхраната.

– Витамин Б6 придонесува за нормално функционирање на нервниот и имуниот систем како и за нормална физиолошка функција. Вклучен е во процесите на синтеза на цистеини во метаболизмот на протеин и гликоген. Учествува во формирањето на црвени крвни клетки.

– Л-Триптофан е природен прекурсор на серотонин кој помага во одржување на позитивно расположение и добри конгнитивни функции.

  • Начин на употреба: 1 капсулa на ден
  • Не се употребува за превенција или третман на болест.
  • Да не се надминува препорачаната дневна доза.
  • Додатоците во исхрана не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.
  • Да се чува подалеку од дофат на деца.
  • Да се чува на собна температура, на суво, заштитено од светлина.

Нето количина: 60 капсули