ШТО Е ФАКТУ?
ФАКТУ се употребува за третман на хемороиди, особено кога се придружени со симптоми на воспаление и крварење, анални фисури, анални рагади, анален јадеж (анален пруритис) и анален егзем кој е предизвикан од аноректални состојби, третман на рани после проктолошки операции.
Претставува комбинација на две активни компоненти:
цинхокаин хлорид кој брзо и ефикасно го отстранува јадежот и болката и поликрезулен кој го намалува крварењето, го стимулира заздравувањето
и реепителизацијата на ткивото, спречува настанок на инфекција и воспаление. Исто така го спречува и навлажнувањето што претставува чест пропратен симптом кај хемороидите.
КАДЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ФАКТУ?
ФАКТУ може да го најдете во Вашата аптека во 2 форми: ФАКТУ маст и ФАКТУ супозитории (чепчиња)
КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ ФАКТУ?
Супозиториите (чепчињата) се употребуваат за третман на внатрешни хемороиди, додека маста може да се употребува и кај внатрешни и кај надворешни хемороиди.
ФАКТУ супозитории:
Се става една супозиторија во ректумот 2 до 3 пати дневно, после дефекација.
Вашиот лекар или фармацевт ќе Ве советува колку долго да го употребувате ФАКТУ.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството!
За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт!