Omnikum CBD

Состав: Omnikum CBD 5mg содржи:

CBD (Cannabidiol) …………………………………………. 5 mg

Фармацевтска форма: капсули

Откриено е дека CBD може значително да придонесе врз правилното функционирање на телото и дека може да има директен позитивен ефект врз нашето здравје.  Има силно противвоспалително дејство и може да помогне и во спречување на воспаленијата на телото (превентивно).

Што претставува Omnikum CBD 5mg и за што се употребува?

Маслото од CBD, или канабидиол, е непсихоактивен канабиноид (не произведува чувство на смиреност или расположение) што се појавува во канабис сатива. CBD е единствениот канабиноид со кој се спроведени разни контролирани и експериментални студии и клинички студии врз луѓето.

Маслото од CBD може да се користи при:

– Нарушувања на мускулите и зглобовите (на пример, ревматизам, мултиплекс склероза);
– Проблеми со спиењето;
– Епилепсија;
– Астма;
– Мигрена, (напнатост) главоболка, стрес и психички замор;
– Мускулна напнатост, грчеви и постојано мрдање со нозете;
– Третман на болка (на пример менструална болка);
– Гадење;
– (Пре)високо ниво на шеќер во крвта;
– Состојби на кожата како што се егзем,псоријаза и акни;

Што мора да знаете, пред да го употребите Omnikum CBD 5mg?

Ендоканабиноиди

Човечкото тело, како и телото на другите животни (цицачи), содржи ендоканабиноиден систем. Ендоканабиноидите се сопствени канабиноиди на телото: телото само ги произведува (оттука и зборот ендо). Тие се од суштинско значење за здравото функционирање на организмот. Ендоканабиноидите во одредена мера ги контролираат сите важни телесни процеси. Ако овој систем не е добро урамнотежен, или ако има недостаток на канабиноиди во организмот, може да дојде до појава на разни здравствени проблеми. Затоа, додавањето на канабиноиди во организмот може да обезбеди подобрување на здравјето во различни области/намалување на разни (хронични) тегоби. Истражувањата покажаа дека ако воведеме масло од CBD во нашиот ендоканабиноиден систем, не доаѓа до зависност, туку до поздрав ендоканабиноиден систем и тело.

Фитоканабиноиди

Коноп е единствено растение со повеќе од 80 различни фитоканабиноиди. Растителните канабиноиди, кои изгледаат точно како наши сопствени ендоканабиноидиTHC (Тетрахидроканабинол) и CBD (Канабидиол) се двата најпознати канабиноиди кои неодамна добија големо внимание во медицинската примена.

Разликата помеѓу THC и CBD

THC е најпознатиот и најзастапениот канабиноид во канабисот; името значи делта-9-тетрахидроканабинол. Овој канабиноид е одговорен за најважното психоактивно дејство што се искусува по консумирањето на канабис. CBD е вториот по застапеност канабиноид во канабисот. Тој се добива од цветовите и листовите на растението коноп. Оваа супстанција има добри можности за примена во областа на медицината и е компонентата што ја бараат медицинските корисници. CBD, за разлика од THC, не е психоактивна супстанција, затоа не произведува чувство на смиреност или расположение и затоа е безбедна за употреба.

Како да го употребувате Omnikum CBD 5mg?

Се препорачува употреба на 1 капсула на ден. Капсулата лесно се голта. Капсулите имаат предност затоа што дозата е дефинирана точно на 5 mg чисто масло од CBD, така што луѓето можат точно да знаат која количина ја внесуваат. Капсулите немаат психоактивно дејство и останати несакани дејства.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Ако сте употребиле поголема доза од Omnikum CBD 5mg отколку што треба: веднаш треба да се посоветувте со Вашиот лекар или фармацевт.

Ако сте заборавиле да го употребите Omnikum CBD 5mg: не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

Можни несакани дејства (реакции) на Omnikum CBD 5mg

За производот нема познати несакани дејства Доколку забележите било какви несакани дејства Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт.

Чување и рок на употреба на Omnikum CBD 5mg

Производот да се чува неотворен во пакувањето на температура до 25º C.
Да се чува на места недостапни за деца.

Број и датум на решението за промет:12-2983/4 oд 21.12.2020 година.

Лекот не смее да се употребува по датумот на истекот на рокот на употреба што е наведен на пакувањето.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на граничниот производ консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.