Состав: Магнезиум 400mg ( Магнезиум оксид 630mg, Магнезиум цитрат 64,5mg, аминокиселина како врзувачки хелат 50mg), L-Триптофан 25mg, Витамин B6 1,4mg.
Фармацевтска форма: капсули
Една капсула ослободува 400mg чист Магнезиум, кои се на располагање за апсорпција.
Што е Omnikum Magnesium и за што се употребува?
Магнезиум е важен минерал за Вашата општа здравствена состојба.
– Магнезиум е минерал кој има улога во процесот на делба на клетката. Придонесува за нормална психолошка функција, одржување на нормални коски и заби, рамнотежа на електрoлити, нормална синтеза на протеини, намалување на уморот и исцрпеноста, нормален енергетски метаболизам, нормална функција на мускулите и нормално функционирање на нервниот систем.
Адекватниот внес на магнезиум поволно делува на физичките перформанси на организмот.
Организмот не може сам да произведе магнезиум, па е неопходен адекватен дневен внес со исхраната.
– Витамин Б6 придонесува за нормално функционирање на нервниот и имуниот систем како и за нормална физиолошка функција. Вклучен е во процесите на синтеза на цистеини во метаболизмот на протеин и гликоген. Учествува во формирањето на црвени крвни клетки.
– Л-Триптофан е природен прекурсор на серотонин кој помага во одржување на позитивно расположение и добри конгнитивни функции.
- Начин на употреба: 1 капсулa на ден
- Не се употребува за превенција или третман на болест.
- Да не се надминува препорачаната дневна доза.
- Додатоците во исхрана не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.
- Да се чува подалеку од дофат на деца.
- Да се чува на собна температура, на суво, заштитено од светлина.
Нето количина: 60 капсули