Omnikum Vitamin C

Состав:

Витамин Ц ………………..1000 mg
Екстракт од шипка …………40 mg

Фармацевтска форма: таблети

1. Што претставува Omnikum Vitamin C 1000 mg и за што се употребува

Omnikum Vitamin C 1000 mg е граничен производ кој во својот состав содржи Витамин C. Витамин Ц одржува јаки коски и силни заби. Корисен е за нормално функционирање на имуниот систем.

Витамин C претставува антиоксиданс и им асистира на клетките во одбрана од надворешни влијанија и стрес

2. Што мора да знаете, пред да го земете/употребите Omnikum Vitamin C 1000 mg

Omnikum Vitamin C 1000 mg не се употребува за превенција или третман на болест.

3. Како да го земате/употребувате Omnikum Vitamin C 1000 mg

Се препорачува употреба на 1 таблета на ден за време на оброк.Да не се надминува препорачаната дневна доза.

4. Можни несакани дејства (реакции) на Omnikum Vitamin C 1000 mg

За производот нема познати несакани дејства

5. Чување и рок на употреба на Omnikum Vitamin C 1000 mg

Производот да се чува неотворен во пакувањето на температура до 25 C на суво, заштитен од светлина.

6. Дополнителни информации

Нето количина: 75 таблети

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на граничниот производ консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.