VENDOKSIN КАПКИ

Претставува 100 % природен производ, изработен по оргинална технологија од органски лековити растителни суровини од наше подрачје.

Наменет е за одржување на физиолошкиот проток на крвта низ венските садови на долните екстремитети и за унапредување на здравјето на венските садови и капилари. Благодарение на присуството на голем број лековити растителни состојки во растителните екстракти, Вендоксин капките имаат повеќекратни позитивни дејства.

Се препорачува примена кај проблеми со:
проширени вени, како помош за ублажување и отстранување на тегоби кај хронична венска инсуфициенција предизвикана од тромбоза на венските садови (тромбофлебитис, варикофлебитис, флеботромбози), венска хипертензија на долните екстремитети пропратена со оток, болка и промени на кожата (пигментација и задебелување), проширувања на вените во други регии на телото- хемороиди.

Бидејќи растителните состојки го зајакнуваат ѕидот на венскиот крвен сад, ја намалуваат осетливоста и пропустливоста на капиларите, спречуваат настанување и го смалуваат веќе настанатиот оток, позитивно делуваат и ја регулираат венската циркулација, ја ублажуваат болката и чувството на замор и тегоби во нозете (долго мирување во постела, трауми, нагмечувања, спортски повреди, состојби после скршеници, дијабетична ангиопатија, улкус крурис, артериосклероза и сл.).

Вендоксин капките содржат мешавина од растителни екстракти (див костен, ајдучка трева, жолта и бела коњска детелина, жива трева, невен). Дејствувањето и употребата се базира на физиолошките ефекти на лековитите растителни состојки (сапонозиди, флавоноиди, хетерозиди, полифеноли, танини, витамини, минерали и др) кои се носители на антифламаторен, антидематозен, антиексудативен, антикоагулативен, антиагрегациски, аналгетички, спазмолитички, адстрингентен, венотоничен и регенеративен ефект. Заради благотворното дејство на прокрвеност на сите органи Вендоксин капките можат да ги користат и потполно здрави лицa.

Начин на употреба: Се препорачува 3 до 4 пати дневно по половина лажичка (2,5 ml) со малку вода. Пред употреба да се протресе.

Напомена : Производот содржи алкохол. Производот не е замена за здрава и урамнотежена исхрана. Препорачаната доза не смее да се пречекори. Производот не е наменет за дијагноза или лечење на било која болест. Не се користи за време на бременост, доење, кај лица помлади од 18 години, заедно со антикоагуланти, при заболување на црниот дроб.

Можни несакани ефекти: Гастроинтестинални нарушувања и алергиски реакции. Во случај на појава на било каква преосетливост на некои од состојките, треба веднаш да се прекине користењето на производот.

Начин на чување: Производот да се чува затворен, во оргинално пакување, на суво и ладно место, заштитен од светлина, на недостапни места за деца.

Пакување: 50ml Шише